Бекамови, Кардашијанс - Најбогатите семејства во шоу бизнисот

Озборн – 470 милиони долари

Ози Озборн се прослави со неговиот бенд Black Sabbath. После реалното шоу The Osborunes од 2002-ра година, неговото богатство се зголеми.

Бидејќи во шоуто главните ликови се членовите на семејството Озборн, тие брзо станаа познати и многу богати.

bekamovi-kardashijans-najbogatite-semejstva-vo-shou-biznisot-07.jpg

Том Бреди и Жизел Бундхен – 580 милиони долари

И Том и Жизел се успешни во нивните кариери. Том Бреди е добро познат спортист, а Жизел со години важеше за модел со најголема заработка.

Парот е заедно цела деценија и имаат две деца.

bekamovi-kardashijans-najbogatite-semejstva-vo-shou-biznisot-08.jpg

Бекам – 1 милијарда долари

Дејвид и Викторија Бекам се заедно од 1997-ма година и се запознаа додека Викторија беше дел од Spice Girls, а Бекам фудбалер кој ветува многу. Заедно тие станаа уште помоќни и побогати.

Викторија денес е важно име во модната индустрија, а парот често е канет и на кралски настани.

bekamovi-kardashijans-najbogatite-semejstva-vo-shou-biznisot-09.jpg

Картер – 1,4 милијарди долари

Џеј Зи и Бијонсе се најмоќниот пар во музичката индустрија. Оваа година Џеј Зи стана првиот хип-хоп артист кој влезе во „клубот на милијардери“, а неговото богатство постојано се зголемува.

И двајцата потекнуваат од сиромашно семејство, но направија вистинска империја со нивната музика.

bekamovi-kardashijans-najbogatite-semejstva-vo-shou-biznisot-10.jpg

Кардашијан – Речиси 1,8 милијарди долари

Невозможно е да се зборува за богати и моќни семејства, а да не се спомне кланот Кардашијан-Џенер. Ова име е познато повеќе од една деценија, а Кардашијанс го имаат можеби најраскошниот живот во индустријата.

Најбогата од семејството е Кајли Џенер, која е прогласена и за најмладата милијардерка во светот.

bekamovi-kardashijans-najbogatite-semejstva-vo-shou-biznisot-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе до... Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопр...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg