Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 познати личности кои се соочиле со анксиозност

Секој од нас во одреден период од својот живот поминува низ чувства на вознемиреност, немир и стрес, без разлика колку некои од причините би ни звучеле како неоправдани.

10-poznati-lichnosti-koi-se-soochile-so-anksioznosta 01 630x340.jpg

Верувале или не, се смета дека во одредени граници вознемиреноста е корисна, ни помага полесно да реагираме на стресни ситуации, да ги забрзаме нашите рефлекси и правилно да го насочиме нашето внимание.

Но, што ако вознемиреноста не престанува и го отежнува справувањето со секојдневниот живот? Тогаш станува збор за анксиозност.

Иако постојат повеќе совети за тоа како полесно да ја победите, како на пример да одите на јога, да пешачите, да си ги запишувате мислите, да медитирате, најразумното нешто што можете да го направите е да се исконсултирате со лекар специјалист за таа област.

Анксиозноста е насекаде ширум целиот свет, па дури и кај најбогатите луѓе за коишто мислите дека имаат сѐ што ќе посакаат.

Во продолжение ви прикажуваме неколку изјави на познати личности кои се справувале со анксиозност:

1. Зајн Малик

Во времето на „One direction“ овој пејач релативно ја криеше приватноста, но непосредно по своето осамостојување цврсто проговори за своите панични напади, дури и донесе одлука да ги откаже сите свирки во 2016 и 2017 година.

Во една од неговите објави на Твитер тој напиша: ,„Јас ја претрпев најлошата анксиозност во којашто страдаше мојата кариера. Знам дека оние што страдаат од оваа болест ќе ме разберат, а пак останатите ќе сочувствуваат со мојата ситуација“.

10-poznati-lichnosti-koi-se-soochile-so-anksioznosta 02 630x350.jpg

2. Лејди Гага

Оваа светска ѕвезда никогаш не се плаши отворено да ги покаже своите чувства, расположенија и состојби со кои се соочува.

Таа секогаш јавно зборувала за своето ментално здравје и болка, како и за тоа како се справувала со анксиозноста и кои биле нејзините најтешки мигови.

„Отворено признавам дека се борев со анксиозноста и депресијата, а и претпоставувам дека многу од луѓето ја воделе истата битка“ - изјави таа.

10-poznati-lichnosti-koi-se-soochile-so-anksioznosta 03 630x350.jpg

3. Ариана Гранде

Ариана Гранде признава дека страдала од анксиозност уште од најрана возраст и тоа и помогнало да се избори и значително да го зајакне својот карактер.

На едно од нејзините неодамнешни интервјуа таа зборува за тешкиот период низ кој поминувала по терористичкиот напад во Манчестер.

„Отсекогаш сум се справувала со анксиозноста, но никогаш не сум се почувствувала толку беспомошно. Ми следуваа месеци со климаво расположение“.

10-poznati-lichnosti-koi-se-soochile-so-anksioznosta 04 630x350.jpg

4. Ема Стоун 

Познатата актерка во повеќе наврати отворено разговараше за нејзината анксиозност, објаснувајќи како се справувала со ваквата состојба уште како дете.

Отсекогаш сум ја сметала анксиозноста како нешто со кое живеам и ме придружува во различни периоди од мојот живот. Понекогаш чувствувам дека никогаш нема да заврши, но сепак завршува“.

10-poznati-lichnosti-koi-se-soochile-so-anksioznosta 05 630x350.jpg

5. Принцот Хари

Како член на едно од најпознатите и најмоќни семејства во светот, личниот живот на принцот Хари е под постојан надзор.

Живот под лупа на јавноста за него започна особено по смртта на принцезата Дајана, непосредно пред тринаесеттиот роденден на младиот принц.

Времето кое Хари го поминувал во војска го поттикнало да се спротивстави на своите потешкотии.

„Веројатно сум бил многу блиску до целосно психичко распаѓање, особено кога до мене доаѓаа секаков вид на лаги и заблуди со коишто треба да се справам“.

10-poznati-lichnosti-koi-se-soochile-so-anksioznosta 06 630x350.jpg

Продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Џени Гарт за „борбата“ со менопаузата: „Телото ме издава, страдам физички и ментално“ На Кели од „Беверли Хилс“ на 45 години ѝ беше дијагностициран остеоартритис...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg