Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Меган Маркл тајно отпатувала во Њујорк за да ја гледа Серена Вилијамс на US Open

Познатата тенисерка Серена Вилијам сподели навистина интересни новости. Наводно, Меган Маркл тајно отпатувала од Лондон во Њујорк, заедно со нејзиниот новороден син Арчи.

megan-markl-tajno-otpatuvala-vo-njujork-za-da-ja-gleda-serena-vilijams-na-us-open-01.jpg

Во септември, војвотката од Сасекс отишла во Њујорк за да го гледа тенискиот натпревар на Серена на US Open.

Во интервју од минатата недела, Серена изјави дека ова било првото соло патување на Меган после породувањето и дека е доказ за нивното неверојатно пријателство.

„Таа долета со новороденчето само за да ме гледа како играм во Њујорк, и се врати истата ноќ. Јас веројатно не би можела да го направам тоа“, вели тенисерката.

megan-markl-tajno-otpatuvala-vo-njujork-za-da-ja-gleda-serena-vilijams-na-us-open-02.jpg

Серена и Меган прв пат се запознаа во 2010-та година. Според тенисерката, било одлично да се дружи со луѓе кои прават неверојатни работи и кои се соочени со истиот притисок од јавноста.

„Мислам дека малку луѓе можат да се поврзат на тоа ниво. Мислам дека таа е најсилната личност што ја познавам, најдобрата и најслатката.“

Пријателството на Меган и Серена го привлече вниманието на јавноста во 2018-та година, кога тенисерката присуствуваше на кралската венчавка.

megan-markl-tajno-otpatuvala-vo-njujork-za-da-ja-gleda-serena-vilijams-na-us-open-04.jpg

И покрај нивните зафатени распореди, Серена и Меган секогаш наоѓаат време за нивното пријателство.

„Можам да ја побарам во секој момент, расплакана и тажна, и таа секогаш ќе биде овде. Не е битно низ што минува, секогаш одвојува време за мене и тоа е неверојатно.“

megan-markl-tajno-otpatuvala-vo-njujork-za-da-ja-gleda-serena-vilijams-na-us-open-03.jpg

Интересно е што Серена го изгуби мечот што го гледаше Меган, а изгуби и уште 3 натпревари на кои присуствуваше војвотката. Ова, пак, го направило тренерот на Вилијамс суеверен. Наводно, тој понекогаш мислел дека присуството на Меган е причина за поразите на тенисерката.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
„Тајно ја зјапав, беше многу згодна“ – Тревис Баркер бил загреан за Ким, пред да се вљуби во сестра ... „Постојано скришно зјапав во Ким, не ми е гајле ако таа е гардероберка, многу е ...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg