Љубовен времеплов: Славни личности кои беа во врска во ’90-ите
- Детали
- сабота, 11 јануари 2020
Дури и пред интернетот луѓето беа опседнати со познатите личности. Читаа за нив во весниците и списанијата, ги гледаа во филмови и емисии на телевизија и разменуваа информации за нив со своите најдобри пријатели.
Исто како денес, и во 90-тите во фокусот беа многу славни личности и нивните љубовни врски.
Ако ги заборавивте познатите парови што ни го привлекуваа вниманието во текот на последната деценија од 20-тиот век, време е да се потсетите на некои од нив:
Џони Деп и Кејт Мос
Славниот актер и славната манекенка беа заедно четири години. Наводно, нивната врска не успеа поради ненадејните промени во расположението на Џони Деп.
Бред Пит и Гвинет Палтроу
Бред и Гвинет глумеа заедно во трилерот „Seven“. Потоа започнаа врска која траеше од 1994 до 1997 година. Во тој период, медиумите го следеа секој нивен чекор.
Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс
Како најголемите поп-sвезди и тинејџерски идоли од тој период, беше сосема природно Бритни и Џастин да започнат љубовна врска. Врската траеше од 1999 до 2002 година. Песната на Џастин „Cry Me a River“ е инспирирана од нивната романса.
Курт Кобејн и Кортни Лав
Пејачот на Nirvana и пејачката на групата Hole, беа најпознатиот пар во светот на рок музиката во 90-тите години. И двајцата имаа проблеми со дрога, а Курт ја заврши врската со самоубиство во 1994 година, оставајќи ја Лав со ќерката Френсис Бин.
Хју Грант и Елизабет Харли
Хју Грант беше најголемата филмска ѕвезда во Велика Британија и крал на романтичните комедии во 1990-тите. Тој беше во врска со актерката Елизабет Харли од 1987 до 2000 година. Тие сè уште се многу добри пријатели.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:





