Познати парови кои имале „секс без обврски“

На секој може да му се случи да се напие малку повеќе и да заврши во кревет со неочекувана личност. Без разлика дали тоа ќе биде секс за една вечер или ќе продолжи во кратка афера, ни познатите не се имуни на ова.

poznati-parovi-koi-imale-seks-bez-obvrski-01.jpg

А, бидејќи славните се дружат со славни, нормално е понекогаш да имаат кратка афера со своите колеги.

Иако можеби дел овие приказни за аферите на познатите се само гласини, секогаш е забавно да прочитате за нив.

Па, погледнете кои познати парови имале „секс без обврски“:

Линдзи Лохан и Зек Ефрон

Кога Линдзи сподели со кого има спиено, на големо изненадување на сите, на листат се најде и Зек Ефрон. Наводно, ова се случило во 2014-та.

Покрај актерот, на листата на Линдзи се најдоа уште 35 познати имиња, вклучувајќи и Џастин Тимберлејк и Хит Леџер.

poznati-parovi-koi-imale-seks-bez-obvrski-02.jpg

Шер и Том Круз

Во едно интервју, Шер изјави дека Том Круз бил еден од најдобрите љубовници што ги имала.

Парот имаше кратка афера во 80-тите, кога Шер имаше 38 години, а Том само 23.

Според Шер, целата ситуација изгледала како „еден навистина долг состанок“, а некое време пејачката живеела кај него.

poznati-parovi-koi-imale-seks-bez-obvrski-03.jpg

Ештон Кучер и Ријана

Гласините за Ријана и Ештон започнаа во 2012-та, кога и двајцата беа слободни.

Сè започна кога папараците ја „уловија“ Ријана како оди во куќата на познатиот актер на полноќ, а забележаа дека си оди дома во 4 наутро.

Ријана призна за кратката афера и подоцна се дозна дека парот поминал барем 8 недели заедно.

poznati-parovi-koi-imale-seks-bez-obvrski-04.jpg

Мадона и Тупак Шакур

Ова најверојатно не било само афера, бидејќи пејачката има изјавено дека била во врска со раперот.

Парот се запозна за доделувањето на Soul Train Music Awards во 1993-та, а помеѓу нив веднаш се појавила хемија.

poznati-parovi-koi-imale-seks-bez-obvrski-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две д...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg