Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 познати личности кои се атеисти, но ништо не ги спречува да прават добри дела

Кира Најтли 

Кира Најтли е англиска актерка и модел. Една од нејзините најпознати улоги е во филмот „Пиратите од Карибите“. Неколкупати е номинирана за Оскар и Златен глобус.

Во април 2012 година за списанието Interview таа изјави: „Кога само не би била атеист, би можела да се излечам од сѐ. Само бараш прошка и сѐ ти е простено. Звучи многу подобро отколку да живееш со вина“.

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti-no-nishto-ne-gi-sprechuva-da-pravat-dobri-dela-005.jpg

Ема Томпсон 

Британската оскаровка повеќепати зборуваше во врска со оваа тема.

„Јас сум атеист. Претпоставувам дека можете да ме сметате како некоја врста на слободен анархист. Гледам на религијата со огромен страв и сомнеж.

И да, недоволно е да кажам дека не верувам во Бога. Самиот религиски систем за мене е вознемирувачки. Некои натписи од Куранот и Библијата навистина ме навредуваат.“

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti 09 630x354.jpg

Анџелина Џоли 

Извонредната американска актерка години наназад ја освојува светската публика, не само со своите актерски остварувања, туку и со нејзините хумани гестови и дела.  

Во 2000 година таа изјавува: „Бог не треба да биде тука заради мене. Има нешто во луѓето што е духовно, божествено. Не правам работи само затоа што луѓето така велат, но исто така не знам дали е подобро да не верувам во ништо.“

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti 10 630x451.jpg

Хју Лори 

Британскиот актер Хју Лори е најпознат по улогата во серијалот Dr.House.

Тој се огласи како атеист во 2007 година велејќи: „Не верувам во Бога, но имам една идеја што гласи: Кога би постоел Бог, судбина или нешто што не гледа од горе и кога би видел како земаме сѐ здраво за готово, веднаш би ни одзел сѐ.“

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti 11 630x394.jpg

Стивен Хокинг

Тој беше еден од најпознатите научници на денешницата познат по својата работа во теоретската физика и космологијата.

Хокинг беше првата личност што ја воведе космологијата објаснета со обединувањето на општата теорија на Ајнштајн за релативноста и квантната механика.

Поголемиот дел од животот, тој страдаше од болест наречена амиотрофична латерална склероза, што предизвикува парализирање. Но, тоа не го спречи да биде еден од најголемите научници на денешницата. 

Во 2014 година, на фестивалот Starmus, Стивен Хокинг јавно се прогласи за атеист.      

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti-no-nishto-ne-gi-sprechuva-da-pravat-dobri-dela-006.jpg

Мила М. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg