Последните фотки од „среќнитe“ славни парови пред да раскинат или да се разведат
- Детали
- недела, 19 јануари 2020
Кога Никол Кидман во 1999 година се појави со Том Круз на премиерата на „Невозможна мисија 2“, многумина забележаа дека актерката е видно нерасположена.
Гласините за кризата во нивниот брак се покажаа вистинити неколку месеци подоцна кога Том официјално побара развод од Никол.
Кога Џенифер Анистон и Бред Пит во 2004-та се појавија на 55-тото доделување на Еми наградите, никој не помисли дека тоа е нивно последно заедничко појавување на црвениот тепих.
Четири месеци подоцна парот го изненади светот со информацијата дека се разведуваат. Тоа беше периодот кога Бред почна да го снима „Господин и госпоѓа Смит“ со Анџелина Џоли.
Ова се уште неколку познати двојки на последните фотки пред да раскинат или да се разведат.
Се забележува ли во изразот на лицата дека нешто не е како што треба?
Бред Пит и Гвинет Палтроу
Брус Вилис и Деми Мур
Џена Деван и Ченинг Тејтум
Џенифер Анистон и Џастин Тероу
Ана Фарис и Крис Прат
Е. П. | Црнобело