Ким ја криела тајната за Брус 15 години, не зборува со Клое: 13 изненадувачки факти за Кејтлин Џенер

Моментално е во неромантична врска

70-годишната Кејтлин е во „партнерство“ со 23-годишната Софија Хачинс.

Двете велат дека имаат заеднички бизнис, живеат заедно на Малибу и се како семејство.

ne-zboruva-so-kloe-go-napushtila-semejstvoto-iznenaduvachki-fakti-za-kejtlin-jenner-05.jpg

Првата сопруга на Кејтлин знаела дека е трансродова личност

Првата сопруга на Кејтлин, тогаш Брус, е Кристи Џенер. Наводно, Кејтлин ѝ кажала дека е трансродова личност уште во 1973-та, период кога овој термин не беше целосно дефиниран.

Посакува нејзините ќерки да имаат поголема приватност

Кејтлин откри дека Кардашијанс и нејзините ќерки не можат да отидат никаде без обезбедување.

Таа додаде дека ѝ е жал што ситуацијата е ваква, а притоа спомна дека Кајли троши 400.000 долари месечно за обезбедување.

ne-zboruva-so-kloe-go-napushtila-semejstvoto-iznenaduvachki-fakti-za-kejtlin-jenner-06.jpg

Има потпишано договор за доверливост за Кардашијанс

Кејтлин учествува во реалното шоу „I'm a Celebrity...Get Me Out of Here!“, а пред да отиде морала да потпише договор за доверливост.

Според договорот, Кејтлин може да плати казна и до 5 милиони долари ако открие што било за нејзиното поранешно семејство.

Нема добиено никаква поддршка од семејството

Учесниците во реалити шоуто во кое учествува Кејтлин постојано добиваат пораки и писма од семејствата и пријателите.

Но, Кејтлин досега не добила ништо такво.

ne-zboruva-so-kloe-go-napushtila-semejstvoto-iznenaduvachki-fakti-za-kejtlin-jenner-07.jpg

Се пријавила на аудиција за Superman

Знаевте ли дека Кејтлин сакала да го глуми Superman?

Додека беше Брус Џенер и уживаше во популарноста од Олимписките игри во 1967-ма, Кејтлин направила снимка за аудицијата.

Сепак, подоцна го сменила мислењето.

Тврди дека таа ја добила идејата за реалното шоу на Кардашијанс

Не постои личност која не слушнала за „Keeping up with the Kardashians“, а целиот свет мисли дека идејата е на Крис.

Сепак, Кејтлин тврди дека идејата била нејзината и таа му ја кажала на Рајан Сикрест. Рајан се нема огласено за ова, но Кејтлин стои на своето. Приказната ја има и во нејзините мемоари.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg