Не јаде месо, двапати ја удриле со плочка за хокеј - Помалку познати факти за Аријана Гранде

10. Можеби Аријана има милиони фанови, но никој не може да се спореди со мајка ѝ Џоан. Младата пејачка многупати има изјавено дека ја сака мајка ѝ, заедно имаат отидено на концерт на Мадона. Кога ја доби наградата Rising Star Billboard, Аријана ѝ се заблагодари на мајка си.

pomalku-poznati-fakti-za-arijana-grande-06.jpg

11. Сите сонуваме да сретнеме некоја славна личност, а на Аријана ѝ се исполнил сонот уште во детството. Додека изведувала на брод за крстарење, таа ја запознала легендарната Глорија Естефан. Глорија, пак, отишла кај Џоан и ѝ рекла дека Аријана треба да биде пејачка.

12. Кога сакате да си го исполните сонот, голема е веројатноста дека многупати ќе бидете одбиени. И Аријана го почувствувала тоа. Кога била тинејџерка, отишла во Лос Анџелес на состанок со менаџери, но не ѝ дозволиле да сними R&B албум.

13. Бидејќи пораснала со баба ѝ и дедо ѝ, Аријана ретко слушала модерна музика. Во детството ги слушала Four Seasons и Кони Френсис, а има изјавено дека Мараја Кери и Витни Хјустон ѝ се „модерна“ инспирација.

pomalku-poznati-fakti-za-arijana-grande-07.jpg

14. На 13-годишна возраст Аријана се појави во бродвејски мјузикл и тоа беше почетокот на нејзината кариера. Првата награда, National Youth Theatre Association Award, ја добила на само 15 години.

15. Како и повеќето кои се обидуваат да се пробијат во музичката индустрија, и Аријана објавуваше кавери на YouTube. Еден од најпознатите е изведбата на „Love the Way You Lie“.

16. Иако сите пејачи треба да имаат талент, повеќето одат и на часови по пеење. На Аријана не ѝ било потребно ништо такво.

17. Според нејзиното семејство, Аријана не планирала да биде светска ѕвезда. Всушност, се очекувало Френки да го освои светот, а не таа.

pomalku-poznati-fakti-za-arijana-grande-09.jpg

18. Прашањето што си го поставиле сите нејзини фанови е од каде потекнува името Аријана? Аријана е нејзиното вистинско име, а потекнува од филмот „Felix the Cat: The Movie“. Во филмот има лик именуван Оријана.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Аријана Гранде се кае што ставала ботокс и филери до 25 години – си ја отвори душата во емотивна исп... Светската ѕвезда Аријана Гранде (30) јавно призна дека со години ставала ботокс ...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg