Пријанка Чопра и Ник Џонас се допишувале на Twitter - Славни парови кои се запознале преку социјалните мрежи
Иги Азалија и Ник Јанг
Иги и Ник постојано си праќале пораки на Twitter, пред конечно да одлучат да се запознаат во живо.
По некое време парот се вери, но, за жал, се разделија бидејќи Ник ја изневери Иги.
Рита Ора и Калвин Харис
Пејачката и музичкиот продуцент се запознале на Twitter. И тие почнале со допишување, а потоа решиле да се сретнат во живо.
Сепак, нивната врска не траеше долго, а раскинувањето привлече многу внимание.
Ејми Шумер и Бен Ханиш
Пред Ејми да се венча со Крис Фишер, таа беше поврзувана со Бен Ханиш.
Денес апликациите за состанување се честа појава, а Ејми и Бен се запознале токму преку ваква апликација.
Парот беше заедно околу две години, пред да ѝ стават крај на врската.
Амбер Роуз и Виз Калифа
Откако ја прекина врската со Канје Вест, Амбер почна да се гледа со Виз Калифа.
Виз имаше изјавено дека му се допаѓала Амбер, а кога таа дознала за ова, решила да го контактира на социјалните мрежи.
Парот се венча во 2013-та, но се разделија во 2016-та.
Аријана Гранде и Џеј Брукс
Аријана и Џеј се запознале преку Twitter во 2012-та. Пo некое време излегле заедно, но очигледно не им било судено.
Парот повеќе не е заедно, и покрај неколкуте обиди да ја спасат врската.
Спирова С. | Црнобело