Том Хенкс (63) правеше склекови на црвениот тепих на Оскари (фото + видео)
- Детали
- вторник, 11 февруари 2020
Иако на Оскарите Том Хенкс беше дотеран во одело, тој сепак најде простор и за малку вежбање.
63-годишниот актер беше забележан на црвениот тепих како разговара со еден подофицер.
Набрзо потоа, актерот се спушти на земјата и го предизвика подофицерот да направат по некој склек.
Додека двајцата беа зафатени со склековите, групата подофицери до нив весело навиваше.
Актерот чувствува силна поврзаност со воените сили, најмногу откако се појави во филмот на Спилберг, „Saving Private Ryan“. Актерот стана и почесен член на U.S. Army Rangers Hall of Fame во 2006-та, токму поради оваа улога.
Том Хенкс беше номиниран за најдобар спореден актер на 92-рото доделување на Оскарите, за неговата изведба во „A Beautiful Day in the Neighborhood“. Како што веќе знаеме, Оскарот му го зеде Бред Пит.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





