Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 милион долари за неверство - Славни парови со најлуди предбрачни договори

На толку многу големи имоти и богатства, не е ни чудно што во предбрачните договори на славните станува збор за вртоглави суми од неколку милиони долари.

slavni-parovi-so-najludi-predbracni-dogovori+01.jpg

Изгледа дека ниту славните парови немаат совршени бракови како што ги претставуваат пред јавноста и камерите, а токму нивните предбрачни договори се доказ за нивната меѓусебна недоверба.

Животот понекогаш знае да биде многу непредвидлив и за миг да ни донесе пресврт на настани.

Па затоа, и покрај сета меѓусебна љубов, повеќето од славните се одлучиле на предбрачни договори, сѐ со цел да си ја осигураат нивната иднина. Но, за многу од нив можеме да кажеме и дека „претерале“.

Дали можете да претпоставите кои славни парови имаат потпишано предбрачни договори за огромна сума пари?

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк

Во нивниот предбрачен договор, тие имаат потпишано дека Џастин треба да ѝ плати 500.000 долари на Џесика во случај на неверство.

slavni-parovi-so-najludi-predbracni-dogovori+02.jpg

Џеј Зи и Бијонсе

Доколку некогаш решат да се разведат, Џеј Зи ќе треба да ѝ плати на Бијонсе 5 милиони долари за секое дете посебно, плус 1 милион за секоја година за време на бракот.

slavni-parovi-so-najludi-predbracni-dogovori+03.jpg

Ким Кардашијан и Канје Вест

Необичноста на овој предбрачен договор е во тоа што тие не се обврзани со никакви пари, туку едноставно, во него пишува дека мајката на Ким, Крис Џенер, нема да може да донесува одлуки во нивно име во полето на бизнисот и кариерата.

slavni-parovi-so-najludi-predbracni-dogovori+04.jpg

Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс

Ако некогаш решат да се разведат, Кетрин ќе добие 2.8 милиони долари за секоја година од бракот, а доколку причината за разводот е неверство, тогаш таа ќе добие плус 5 милиони како бонус.

Сметајќи дека овој пар е веќе 20 години во брак, идејата за развод овде и не е баш најдобра.

slavni-parovi-so-najludi-predbracni-dogovori+05.jpg

Џенифер Анистон и Џастин Теру

Иако се разведоа во 2018, многу извори тврдат дека имале потпишано предбрачен договор, токму поради драстичната разлика во нивното богатство.

slavni-parovi-so-najludi-predbracni-dogovori+06.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Бјанка Сенсори со разголените аутфити, аферата на Хју Џекмен: Најскандалозните славни личности во 20... Покрај тужбите против Пи Диди и Џеј Зи, овде се Блејк Лајвли и Џастин Балдони и ...
Одел по барови без неа, не ја поднесувал: Знаци дека бракот на Џесика Симпсон беше осуден на пропаст „Ерик честопати ја оставаше Џесика сама дома и одеше по барови. Го вадеше прстен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg