Ја носеше до олтарот и уште 14 факти за силното пријателство на Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет
Ја ценат нивната работа
Сигурно сте забележале дека Кејт и Лео не штедат на комплименти за нивната работа.
„Таа постојано се турка кога работи и затоа ќе продолжам да кажувам дека е најдобра“, изјави Лео за својата пријателка.
Кејт, пак, многупати има изјавено дека смета дека Лео е најдобриот актер од неговата генерација.
Не се плашат да ја покажат нивната љубов
Не можете да го лажирате вистинското пријателство. Без разлика дали се смеат, се забавуваат или си делат комплименти, на Лео и Кејт не им е страв да ја покажат нивната љубов.
Дури и ако тоа значи дека постојано ќе ги бомбардираат со гласини дека се пар.
Никогаш немале романтична врска
Без разлика што посакуваат фановите, Лео и Кејт никогаш немале романтична врска, а токму ова е клучот за нивното долготрајно пријателство.
„Бевме многу, многу млади и, за среќа, никогаш не сме се привлекувале. Знам дека не сакате да го слушните тоа, но така е и тоа значеше дека можеме да се шегуваме еден со друг, нешто што го правиме и денес“, изјави Кејт во една прилика.
Се здружуваат за да им помогнат на другите
И двајцата актери поддржуваат некоја кауза – Лео се залага за околината, а Кејт за аутизмот.
Во 2017-та, актерите ги здружија силите за да ѝ помогнат на мајка која боледуваше од рак. Тие направија аукција за специјална вечера со Џек и Роуз (ликовите од „Titanic“). На крај собраа дури 1,35 милиони долари.
Нивната врска е нераскинлива
Славата што дојде после премиерата на „Titanic“ е искуство што ги зближи актерите.
„На многу начини, Кејт и јас заедно пораснавме во индустријата. Се поддржуваме толку долг период. Бевме овде еден за друг и се водевме“, изјави Леонардо во 2009-та.
Лео ја однесе Кејт до олтарот на нејзината венчавка
Додека Лео си доби репутација на вечен ерген, Кејт го одбра брачниот живот.
На тајната венчавка на Кејт со Едвард во 2012-та, токму Лео ја однесе до олтарот.
Имаат неверојатна хемија и пред, и зад камерите
Фановите ја забележаа хемијата помеѓу актерите уште во „Titanic“, а со „Revolutionary Road“ само уште еднаш ја покажаа.
Но хемијата меѓу нив постои и зад камерите и доволно е да погледнете една нивна заедничка фотографија за да се убедите во тоа.
Сè уште го ценат времето поминато како Роуз и Џек
И после 20 години, Кејт и Лео сè уште се шегуваат за нивните култни улоги.
„Понекогаш си ги цитираме смешните реплики од 'Titanic' и навистина ни е смешно“, изјави Кејт.
Изгледа дека уште долго ќе слушаме за магичното пријателство на Кејт и Лео.
Спирова С. | Црнобело