Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бен Афлек и колешката Ана де Армас ги потврдија гласините за нивната врска (фото)

Минатата недела, Бен и колешката Ана де Армас беа забележани во Куба.

ben-aflek-i-koleshkata-gi-potvrdija-glasinite-za-nivnata-vrska-foto-01.JPG

Овој викенд заминале во Костарика, а според фотографиите од папараците, актерите изгледаат навистина вљубено.

Бен и Ана се запознаа на снимањето на трилерот „Deep Water“, чија премиера се очекува во ноември.

ben-aflek-i-koleshkata-gi-potvrdija-glasinite-za-nivnata-vrska-foto-02.JPG

Гласините за врската помеѓу актерите започнаа уште минатата недела кога беа во Куба. Ова е родното место на Ана и според изворите, актерката му направила тура низ нејзините омилени места.

„Бен изгледаше како да ужива во патувањето. Беше во одлично расположение и многу пријателски настроен. Фановите неколкупати му приоѓаа, а тој со задоволство се фотографираше. Посетија неколку ресторани и уживаа во кубанската кујна“, споделил еден извор.

ben-aflek-i-koleshkata-gi-potvrdija-glasinite-za-nivnata-vrska-foto-03.JPG

Ана беше во брак со шпанскиот актер Марк Клотет од 2011-та до 2013-та.

Бен, пак, претходно беше во брак со Џенифер Гарнер, со која има и три деца. Парот се раздели во 2015-та, а го финализираа разводот во 2018-та.

Актерот долго време имаше проблеми со зависност, но по иницијатива на Џенифер, се пријави на рехабилитација.

Неодамна изјави дека изминативе три години ги поминал трезен, а ја подобрил и врската со неговите деца, но и со поранешната сопруга.

Изгледа актерот конечно го надминал тешкиот период и сега ужива во прегратките на новата девојка.

Погледнете ги Бен и Ана во Костарика:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс? „Знам дека луѓето (папараци и фанови) што постојано те вознемируваат, ти викаат,...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg