Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Отворени врски и бракови - Познати парови кои не практикуваат традиционална љубов

Отворените врски и бракови се сè уште табу тема, но некои познати личности не се плашат јавно да признаат дека претпочитаат неконвенционална љубовна врска во која има простор за повеќе луѓе. 

Otvoreni vrski i brakovi Poznati parovi koi ne praktikuvaat tradicionalna ljubov 01

Ова се познати парови кои не практикуваат традиционална љубов:

Мо'Ник и Сидни Хикс

Оскаровката Мо’ник и нејзиниот сопруг се познаваат од раното детство, а се венчаа во 2006 година. Актерката призна дека неконвенционална љубовна врска била нејзина идеја, а не на сопругот. „Сега, после толку години, можам да кажам дека нашиот брак се разви во прекрасна врска без тајни.“

Otvoreni vrski i brakovi Poznati parovi koi ne praktikuvaat tradicionalna ljubov 02

Итан Хок и Рајан Шоухус

Американскиот актер бил во брак со Ума Турман од 1998 до 2005 година. Причината за нивниот развод била Рајан Шоухус, дадилката која се грижела за децата на славната двојка, со која Итан се оженил во 2008 година.

„Сексуалната верност можеби не е единствената работа врз која се засноваат нашите односи“, смета Итан.

Otvoreni vrski i brakovi Poznati parovi koi ne praktikuvaat tradicionalna ljubov 03

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

Познатиот холивудски пар е во брак од 1997 година. Пред неколку години, Џејда решила јавно да ги коментира гласините за нивниот отворен брак. „Сè додека Вил може да се погледне во огледало и да биде добар со самиот себе, не ми пречи.“

Otvoreni vrski i brakovi Poznati parovi koi ne praktikuvaat tradicionalna ljubov 04

Доли Партон и Карл Томас Дин

Американската пејачка и нејзиниот сопруг се во брак од 1966 година. Доли јасно кажала што мисли за моногамија. Вака функционира нејзиниот брак:

„Моногамијата е една од најпреценетите доблести. Моногамија е монотонија. За нас е добро ако имаме некој друг. Но не сакам да знам дали е тој е со некого, и тој не сака да знае дали јас сум со некого.“

Otvoreni vrski i brakovi Poznati parovi koi ne praktikuvaat tradicionalna ljubov 05

Тилда Свинтон и Сандро Коп

Британската актерка го задржува својот приватен живот подалеку од јавноста, но се знае дека долго време е во брак со шкотскиот уметник Џон Бирн, со кого има две деца. Потоа, во 2004 година, младиот германски уметник Сандро Коп влезе во нејзиниот живот и дом. Поточно, откако ја започнала љубовната врска, Сандро се преселил во нејзината куќа.

Оваа неконвенционална мала заедница ги изненади луѓето, но главните актери на оваа атипична љубовна приказна не гледаат ништо необично во неа.

Otvoreni vrski i brakovi Poznati parovi koi ne praktikuvaat tradicionalna ljubov 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ме остави за пејачка откако му родив дете“: Бившата на дечкото на Аријана Гранде емотивна за болнио... „Не мислев дека некогаш ќе се разведам. Особено не откако го родив моето прво де...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
9 познати дами кои изгледаат како да го имаат еликсирот за вечна младост  Рис Витерспун на 48 години изгледа како девојка во 30-тите години, Калиопи на 57...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg