Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дрејк првпат објави фотки од синчето: „Ми недостасуваат пријателите и семејството во изолација“

За време на домашна изолација во овие тешки периоди, Дрејк за првпат објави фотки од неговото синче, преслатко синооко момче со руса, кадрава коса и упати емотивна порака до сите.

drejk-ja-objavi-prvata-fotografija-od-sincheto-na-instagram-01.jpg

Неколкуте слатки фотографии од синчето се придружени со порака, со која Дрејк се обидува да ги инспирира своите фанови во овие тешки времиња.

„Она што е најважно сега е да се поврзете со вашата внатрешна светлина. Верувајте дека ја имате целата моќ за да го реализирате ова, а за да го направите тоа, поврзете се со луѓето и нештата што ви причинуваат радост.

Кога умот ќе почне да размислува премногу или кога ќе се појави страв, свртете го вашето внимание кон нешто позитивно. Не е важно што се случило во минатото или што се случува сега околу нас, секогаш можете да направите избор да го скршите тркалото на страдањето и паниката и да се отворите кон вашата светлина.

Штом ќе донесете избор да се фокусирате на нешто добро, тоа ќе се покаже во вашата реалност. Бидете свесни, особено сега, за стравовите кои доаѓаат од другите“

Дрејк додава и дека смеата е најдобриот лек, но и дека солзите помагаат понекогаш. Тој им порачува на фановите дека не се никогаш сами и дека секогаш ја имаат потребната поддршка.

„Ги сакам и ми недостасуваат моите убави пријатели и семејство и едвај го чекам радосниот ден кога ќе можеме да се обединиме“, пишува пејачот.

На фотографиите можете да ги видите Дрејк и Адонис, но и семејна фотографија со мајката на Адонис, Софи Брусо.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Луди теории на заговор за славните за кои многумина се убедени дека се вистина „Злоделата на Пи Диди не се прославија бидејќи го фатија, туку бидејќи познатите...
„Болката е неподнослива“ – Бруклин Бекам ја теши сопругата на погребот на нејзиното куче „Ќе се заложам за ова повеќе никому да не му се случи, затоа што болката е непод...
„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 го... „Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg