Од каде потекнува богатството на Ден Билзеријан?

Сите имаат слушнато за Ден Билзеријан. Ако сметате дека вие не спаѓате овде, ви треба само мало потсетување. Тој е мажот кој стана познат како „Кралот на Instagram“.

Наследство, покер или нешто друго - од каде потекнува богатството на Дан Билзеријан_-01.jpg

Ден е инфлуенсер кој тежи повеќе од 200 милиони долари, а најмногу се прослави по неговиот гламурозен и луксузен живот. Неговиот профил е исполнет со фотографии од забави со јахти и девојки, на кои присуствуваат важни имиња.

Ден има околу 30 милиони следбеници на Instagram и очигледно има и многу привилегии. Иако е најостро критикуван за неговиот однос кон жените, неговата популарност како да не се намалува.

Тој е син на маж кој бил во затвор неколкупати, а самиот Ден неретко е споредуван и со Хју Хефнер.

Всушност, Ден бил разгалено дете, а очигледно истото продолжило и подоцна во животот. Иако е мета на безброј критики и вплеткан во многу контроверзии, неговиот Instagram продолжуваат да го красат фотографии со јахти, оружје, пари, жени…

Наводно, животот на Ден драстично се променил откако дознал за покерот. Ден првпат се сретнал со оваа игра во универзитетските денови, а во 2013-та се покажал како играч со многу среќа.

Во врска со коцкањето и покерот, Ден има изјавено дека во студентските денови заработувал и по 90.000 долари на овој начин.

Тој има споделено и приказна според која морал да продаде сè што има, а нешто го натерало да си купи билет за Лас Вегас. Наводно, овде тој играл со 10.000 долари, кои успеал да ги „претвори“ во 187.000.

Самиот Ден тврди дека дел од богатството го наследил, но повеќето пари ги заработил на покер. Тој исто така нè уверува дека во една вечер имал добиено и 10 милиони долари на покер, но дека повеќе не играл со професионалци.

Целата приказна за коцкањето на Ден е малку чудна и на многумина не им е јасно што и како се случувало. Веројатно, никогаш и нема да дознаеме, но во секој случај, приказната не е инспиративна! 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...

Најчитани неделава