Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џиџи Хадид е 5 месеци бремена – по смирувањето, очекуваат дете со Зејн Малик

25-годишната Џиџи го очекува нејзиното прво дете со момчето Зејн Малик. Наводно, супермоделот е во петтиот месец од бременоста.

gigi-hadid-vo-petti-mesec-so-zejn-go-ochekuvaat-rpvoto-dete-01.jpg

Фановите првпат се посомневаа за бременоста на Џиџи на снимка од нејзиниот 25-ти роденден, што го прослави на семејна фарма во Пенсилванија.

Парот имаше неколку несогласувања, а во декември минатата година последен пат ја обновија врската, после пауза од речиси една година.

Според TMZ, новостите ги споделиле блиски извори, а полот на детето е непознат.

gigi-hadid-vo-petti-mesec-so-zejn-go-ochekuvaat-rpvoto-dete-02.jpg

Во февруари, Џиџи спомна дека размислувала за деца:

„Мислам дека како што стареам, па, еден ден ќе сакам да започнам семејство и не знам дали секогаш ќе бидам модел.“

gigi-hadid-vo-petti-mesec-so-zejn-go-ochekuvaat-rpvoto-dete-03.jpg

Џиџи и Зејн ја почнаа врската во 2015-та, откако се запознаа на снимањето на спотот за Pillow Talk. Неколку години живееја заедно во стан во Њујорк, а во 2018-та ги шокираа сите со веста дека се разделуваат.

gigi-hadid-vo-petti-mesec-so-zejn-go-ochekuvaat-rpvoto-dete-04.jpg

Во 2019-та повторно беа забележани заедно, а до декември беше јасно дека ѝ дале уште една шанса на врската.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Кети Пери се закани на фан од бината среде шоу: „Престани да му праќаш пораки на мојот маж“ „Слушај, ако продолжиш да му праќаш пораки на мојот маж... Знам, знам. Тоа го пр...
Бредли Купер ја однесе Џиџи Хадид на одмор со мајка му и ќерка му: „Врската станува сериозна, децата... Иако официјално уште не ја потврдиле врската, Бредли Купер и Џиџи Хадид постојан...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg