Кети Пери се закани на фан од бината среде шоу: „Престани да му праќаш пораки на мојот маж“
- Детали
- среда, 21 мај 2025
„Слушај, ако продолжиш да му праќаш пораки на мојот маж... Знам, знам. Тоа го правиш со месеци, уште одамна“, вели Кети Пери на личност од публиката за свршеникот Орландо Блум.
Кети Пери имаше настап во Лас Вегас, како дел од нејзината турнеја „Lifetimes Tour“, но со еден потег ја изненади публиката.
Таа се пошегува со фановите и обвини една личност во публиката дека му праќала пораки на нејзиниот свршеник, Орландо Блум, додека ја најавуваше песната „I'm His, He's Mine“.
Видеото вирално кружи на социјалните мрежи, а Пери на личност од публиката ѝ се обраќа од сцената и ѝ вели:
„Симпатична насмевка. Знам зошто си тука!
Слушај, ако продолжиш да му праќаш пораки на мојот маж...
Знам, знам. Тоа го правиш со месеци, уште одамна...
Не дојде да ме гледаш мене како настапувам.
Ако продолжиш да му праќаш пораки на мојот маж, ќе морам да кажам да те отстранат. Сериозно, најди си свој живот“.
Личноста од публиката се обиде да ѝ подаде нешто, на што Пери додаде:
„Не го сакам тоа. Јас сум негова. Реков - јас сум негова. Држи се подалеку!“
Кети и Орландо се свршени од 2019 година и ја добија нивната ќерка, Дејзи Дав, во август 2020-та.
Овој потег на Кети на концертот е во име на промоцијата на нејзината песна „I'm His, He's Mine“.
Kликнете на видеото:
Уште неколку фотки од Кети Пери:
Прочитајте и Беше во вселената на 10 минути, тужеше калуѓерки: Како Кети Пери стана „најомразената“ личност?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





