Се крие од јавноста, има ќерка: Мистериозната девојка на сексапилниот Саша Ковачевиќ (фото)

„Се согласуваме во сѐ. Баш се најдовме. Не постои личност што ме познава, а да не рекла дека Зорана е вистинската за мене. Никогаш не сум бил посреќен.“, вели Саша Ковачевиќ за својата убава избраничка.

se-krie-od-javnosta-ima-kjerka-mistichnata-devojka-na-seksapilniot-sasha-kovachevikj-foto-01.jpg

Саша Ковачевиќ веќе извесен период е во врска со прекрасната Зорана Тасовац. Неговата избраничка не сака да се експонира во јавноста и затоа првите 7, 8 месеци парот ја криеше врската од јавноста.

Зорана ја има и ќеркичка Искра со која Саша обожава да го минува времето.

За ќерката на Зорана Саша вели: „Се однесувам како вистински татко кон неа, во секоја смисла.“

Во една пригода Саша за својата избраничка Зорана изјави:

„Таа е скромна и нормална девојка, која не ги следи денешните модерни трендови, тоа едноставно не ја интересира. Мене на некој начин тоа што не ја интересира јавниот свет ми годеше. Не пати од тоа да биде во медиумите и да биде видена. Таа се криеше во првите 7, 8 месеци од врската. Некои луѓе не ни знаеја дека сме заедно. Првпат се појавивме на отворањето на мојот ресторан“.

Саша не штеди на убави зборови за својата девојка. Вели дека таа му била најголема поддршка во периодот со корона кризата и дека е и главниот виновник што малку се здебелил во периодот на карантинот.

„Зорана ми ја исполнуваше секоја желба во поглед на оброците, готви одлично, мора да ја пофалам својата девојка затоа што таа не е како ниту една друга. Многу е вредна.

Се согласуваме во сѐ. Баш се најдовме. Не постои личност што ме познава, а да не рекла дека Зорана е вистинската за мене. Никогаш не сум бил посреќен.“

Фотки од парот:

se-krie-od-javnosta-ima-kjerka-mistichnata-devojka-na-seksapilniot-sasha-kovachevikj-foto-15.jpg

se-krie-od-javnosta-ima-kjerka-mistichnata-devojka-na-seksapilniot-sasha-kovachevikj-foto-14.png

se-krie-od-javnosta-ima-kjerka-mistichnata-devojka-na-seksapilniot-sasha-kovachevikj-foto-13.jpg

Уште фотки од парот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
Таткото на Никола Пелц се огласи првпат по драмата со Бекамови: „Ќерка ми и Бруклин се супер, им пос... „Моето семејство било во медиумите неодамна? Не сум забележал“ - се пошегува прв...
Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...
Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фот... Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси...
Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...

Најчитани неделава