Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Северина и Калиопи со емотивни пораки се сеќаваат на Оливер Драгојевиќ 2 години откако „отплови“ во вечноста

Поминаа 2 години откако хрватскиот пејач за последен пат отплови од Сплит кон Вела Лука, каде беше погребан, а Северина и Калиопи се потсетија на него со емотивни пораки и приказни.

severina-i-kaliopi-so-emotivni-poraki-se-sekjavaat-na-oliver-dragojevikj-2-godini-otkako-otpliva-vo-vechnosta-01.jpg

На 29 јули 2018-та, на 70-годишна возраст, Оливер Драгојевиќ ја загуби битката со ракот, а зад себе остави огромна музичка историја која никогаш нема да биде заборавена и по која секогаш ќе го паметиме.

Во Сплит беше организирано величествено испраќање, од каде на катамаран телото на пејачот заедно со семејството отплови кон Вела Лука, на Корчула, од каде што потекнува.

severina-i-kaliopi-so-emotivni-poraki-se-sekjavaat-na-oliver-dragojevikj-2-godini-otkako-otpliva-vo-vechnosta-02.jpg

2 години подоцна неговите колеги не го забораваат, а на своите профили Калиопи и Северина објавија емотивни пораки.

Калиопи објави фотка со него и напиша:

„Истура небо силни дождови

Едни се сиви, а други светло розови

Сѐ што ни треба се зборој искрени

Ако ги нема, никој од нас не постои...”

Споменот буди радост и болка... Благословена сум што бев дел од приказната што ја создаде ти...

Северина пак, објави видео на кое пее негова песна и раскажа интересна приказна:

„Оливер го сакав како музичар и како личност... повеќе пати патувавме заедно, се смеевме, возеше брзо. Еднаш, некаде летото 2001-ва, ме замоли да одржам концерт наместо него во Вела Лука. Реков „не можам“, а тој рече „ама јас не можам повеќе од тебе“.

Тука ме шармираше, имаше шарм и отидов да пеам (во апостолки, бидејќи наидов на него на враќање од плажа)... луѓето дојдоа да го слушаат Оливер, јас им ја објаснив ситуацијата и сите се смееја.

Ова на видеото не е од тој концерт, овој е одржан во клуб во дијаспората пред 2 години, нешто пред тој да си замине... сите сакаме да запееме негова песна. Бидејќи луѓето секаде го сакаа и сите го сакаме... Засекогаш (си тука...)“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Светски и македонски ѕвезди кои полнат 50 години во 2025-та Ви се верува ли дека Џоли или, пак, Шарлиз Терон летоска полнат 50 години? А, да...
Калиопи, Тамара и уште 6 познати дами со широка насмевка од уво до уво – зрачат со харизма Насмевката на Миа Костова потсетува на харизматичната Џулија Робертс, но кои дру...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg