Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мишел Обама и уште 5 славни мајки кои добија дете со помош на ин витро

Овие славни жени не дозволиле ништо да ги спречи во желбата да имаат дете.

inspiracija-za-site-zheni-vo-slichna-polozhba-slavni-majki-koi-dobija-dete-so-pomosh-na-in-vitro-01.jpg

Денес многу парови се соочуваат со проблем кога сакаат да основаат семејство. За среќа, медицината е доволно напредна за да може да им помогне.

Ин витро оплодувањето е навистина неверојатно и им дава надеж на многу луѓе кои сакаат да станат родители. Жените кои се одлучуваат на ваков чекор, пак, се вистински хероини, бидејќи можеме само да претпоставиме низ што сè минуваат дури да им соопштат дека ќе станат мајки. Неретко, тие ја повторуваат процедурата и по неколкупати, а нивната упорност е за восхит.

И славните неретко се одлучуваат за ин витро оплодување и дефинитивно ја прават вистинската одлука.

Погледнете кои познати мајки спаѓаат овде:

Мишел Обама

Во 2018-та, сопругата на поранешниот претседател на САД изјави дека пред 20-тина години имала спонтан абортус. Тој период се чувствувала многу изгубено и осамено:

„Мислев дека грешката е моја, бидејќи не знаев колку често се случува ова“.

Потоа, таа и Барак решиле да пробаат ин витро оплодување и резултатот се нивните прекрасни ќерки - Саша и Малија. Тоа што првата дама на САД отворено зборуваше за оваа тема сигурно им помогна на многу жени во истата ситуација.

inspiracija-za-site-zheni-vo-slichna-polozhba-slavni-majki-koi-dobija-dete-so-pomosh-na-in-vitro-02.jpg

Ким Кардашијан

Ким и Канје имаат четири деца, од кои две се родени со сурогат мајка. После првите две бремености, Ким се соочила со многу здравствени проблеми, па лекарите ѝ рекле дека е ризично повторно да пробаат со ин витро.

Тогаш Ким и Канје се одлучија за сурогат мајка, но Ким изјави:

„Повторно би поминала низ сето тоа штом резултатот се вакви прекрасни деца“.

inspiracija-za-site-zheni-vo-slichna-polozhba-slavni-majki-koi-dobija-dete-so-pomosh-na-in-vitro-03.jpg

Тајра Бенкс

Тајра има син со поранешното момче Ерик. Синчето е родено од сурогат мајка, а Тајра поминала цела голгота дури да го добие.

„Ја повторивме процедурата неколкупати, добивме ембрион и, на крај, ми кажаа дека не е добар. Беше навистина тешко“.

Тајра вели дека иако сака уште деца, бременоста може да биде опасна за неа, па најверојатно нема да се обидува повторно.

inspiracija-za-site-zheni-vo-slichna-polozhba-slavni-majki-koi-dobija-dete-so-pomosh-na-in-vitro-04.jpg

Кортни Кокс

Според Кортни, жените во нејзиното семејство немале никакви проблеми со плодноста и бременостите, па очекувала истото да важи и за неа. Но, зад себе актерката има неколку спонтани абортуси.

Не сакајќи да се откаже од желбата да стане мајка, Кортни имала неколку ин витро оплодувања и секојдневно примала инјекции за сè да биде во ред, па сега е горда мајка на ќерката Коко.

inspiracija-za-site-zheni-vo-slichna-polozhba-slavni-majki-koi-dobija-dete-so-pomosh-na-in-vitro-05.jpg

Селин Дион

Селин е уште една жена која не се откажала лесно. Познатата пејачка имала шест ин витро процедури и во октомври 2010-та, после многу чекање, ги роди близнаците Еди и Нелсон:

„Моравме да истрпиме многу. Емоционално, ова беше многу тешко“, има изјавено пејачката.

inspiracija-za-site-zheni-vo-slichna-polozhba-slavni-majki-koi-dobija-dete-so-pomosh-na-in-vitro-06.jpg

Криси Тајген

Криси и Џон Леџенд се венчаа во 2013-та и после три години ја добија ќерката Луна, а после пет години синот Мајлс. И двете деца беа зачнати со ин витро

„Се чувствував како на луда железница – сè е добро, а потоа сè е лошо“ има изјавено Криси.

Таа сподели и дека поддршката на Џон навистина ѝ помогнала да се справи со сиот стрес.

Интересно е што во август годинава, Криси забремени непланирано, па сега го очекува третото дете.

inspiracija-za-site-zheni-vo-slichna-polozhba-slavni-majki-koi-dobija-dete-so-pomosh-na-in-vitro-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg