Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Помлада е 15 години од него, „лажна“ свадба: Партнерката на српскиот пејач Владо Георгиeв (фото)

Тие се заедно од 2013 година и имаат две ќерки, но не веруваат во брак, па така си организираа „лажна“ свадба на која на матичарката двајцата ѝ кажаа „не“.

pomlada-e-15-godini-od-nego-lazhna-svadba-partnerkata-na-srpskiot-pejach-vlado-georgiv-foto-01.jpg

Владо Георгиев не сака да открива многу детали од својот приватен живот, но тој е во среќна заедница со Милица Самарџија и со неа има две ќерки.

Софија е родена во 2016 година, а Елена во 2018, а за Милица српските медиуми често пишуваат дека е негова невенчана сопруга.

Тие се запознале во 2013 година на кастингот за неговиот спот за песната „Искрено“ и наскоро започнале романса, која Владо на секој можен начин се обидуваше да ја сокрие од очите на јавноста.

Потоа се разделија, но се смирија повторно, а „вечниот ерген“ конечно се смири покрај Милица.

Владо за својот 40-ти роденден направи „лажна“ свадба. Ги покани сите роднини и пријатели во еден белградски ресторан, каде донесе и матичарка, но на прашањето дали се подготвени да стапат во брак двајцата одговорија „не“. Потоа, во медиумите одекна веста дека пејачот ќе стане татко за првпат.

Инаку во една пригода Владо изјави:

„Јас и Милица сме тенџерче и капаче, двајцата потполно исто размислуваме, почнувајќи од тоа дека сме против матичар.“

За начинот на кој функционираат тој вели:

„Мојата сопруга веднаш кажува ако нешто не ѝ е по мерак и од мене веднаш добива одговор. Токму во таа искрена и брза комуникација се крие нашата хармонија. Веднаш си даваме објаснување за сѐ и не криеме работи под тепихот. Сакаме да дебатираме на дневно ниво затоа што тоа води во вистинската насока кон квалитет.“

Фотки од Владо и неговата сакана:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg