Хоакин Феникс и Руни Мара го добија првото дете – го крстија по починатиот брат на актерот

Хоакин Феникс и Руни Мара станаа родители, а нивното синче го носи името Риверс, во чест на починатиот брат на актерот.

hoakin-feniks-i-runi-mara-go-dobija-prvoto-dete-go-krstija-po-pochinatiot-brat-na-akterot-01.jpg

Пред неколку месеци дознавме дека Хоакин Феникс и Руни Мара го очекуваат нивното прво дете. Парот воопшто не ги потврди гласините, но наводно Руни веќе се породила, и тоа пред еден месец.

Новостите ги сподели режисерот Виктор Косаковски, на проекција на неговиот филм Gunda – проект на кој Хоакин работи како продуцент. Додека режисерот одговараше прашања, спомна дека актерот не присуствувал на проекцијата бидејќи добил синче.

Режисерот откри и дека актерите го одбрале името Ривер, во чест на братот на Хоакин кој трагично го изгуби животот во 1993-та година.

hoakin-feniks-i-runi-mara-go-dobija-prvoto-dete-go-krstija-po-pochinatiot-brat-na-akterot-06.jpg

Ривер го изгуби животот на 23-годишна возраст, од предозирање, кога Хоакин имал само 19 години. Пред неговата смрт, Ривер Феникс веќе имаше изградено име во Холивуд, па дури имаше и номинација за Оскар. Поради ова, Хоакин редовно се соочува со прашања за смртта на неговиот брат, кои најчесто ги избегнува.

hoakin-feniks-i-runi-mara-go-dobija-prvoto-dete-go-krstija-po-pochinatiot-brat-na-akterot-05.jpg

Сепак, на последното доделување на Оскарите, актерот низ солзи го спомна брат му:

„Кога имаше 17 години, брат ми го напиша овој стих. Вели: Помогнете со љубов, и ќе следи мир“.

https://www.youtube.com/watch?v=6dInRKdjxKg

Стихот што го цитираше Хоакин, Риверс често им го пишувал на фановите кои му испраќале писма.

Актерот го спомна брат му и во интервју со CBS, каде што му се заблагодари, бидејќи тој бил причината што продолжил со глума.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=eeziYo8KxQM&feature=emb_title

Руни и Хоакин се верија минатата година, после 3-годишна врска. Парот се држи што е можно подалеку од окото на јавноста - дури не ја потврдија ни веста за бременоста - па веројатно наскоро нема да видиме фотографии од новороденото синче.

hoakin-feniks-i-runi-mara-go-dobija-prvoto-dete-go-krstija-po-pochinatiot-brat-na-akterot-03.jpg

hoakin-feniks-i-runi-mara-go-dobija-prvoto-dete-go-krstija-po-pochinatiot-brat-na-akterot-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...

Најчитани неделава