„Не сум женкар како Бача во Јужни ветар“: Запознајте ја девојката на Миодраг Радоњиќ (фото)
- Детали
- понеделник, 26 октомври 2020
„За разлика од Бача јас сакам цврста и стабилна врска со една девојка. Со Милица планираме венчавка, подготвен сум да станам татко и би сакал да имаме многу деца“, вели романтичниот Миодраг.
Актерот Миодраг Радоњиќ (31) познат како Бача од серијата „Јужни ветар“ е миленик на женската популација, слично како и веќе легендарниот Милош Биковиќ.
Но, тој иако ја обожава својата улога, вели дека во реалноста е сосема поинаков од Бача. Првенствено не е женкар и е во среќна и долга врска со својата избраничка Милица Микиќ.
Пред некој месец таа дури на шега објави фотографија од младоженци со нивните лица ставени на Фотошоп и во описот напиша: „Жал ми е девојки, но овој лепотан е мој“ со што нагласи дека Миодраг е зафатен и дека имаат сериозни намери заедно.
За ова во еден српски медиум Миодраг изјави:
„Во приватниот живот не сум женкар како Бача. За разлика од него јас сакам цврста и стабилна врска со една девојка. Честото менување на партнерки не може да ги задоволи моите емоционални потреби. Човекот е создаден за покрај себе да има некој на кој потполно му верува и некој кој ќе му биде поддршка, но и да го критикува кога треба.
Со Милица планираме венчавка, подготвен сум да станам татко и би сакал да имаме многу деца“.
Фотки од Бача и неговата избраничка Милица:
Прочитајте и Дедо од Македонија, мерак за Русинки – неколку факти за најпопуларниот балкански актер Милош Биковиќ
С. С. | Црнобело