Меган Маркл доживеала спонтан абортус: „Знаев дека додека го држев моето првородено дете, го губев второто“

iskrena-ispoved-na-megan-markl-znaev-deka-dodeka-go-drzhev-moeto-prvorodeno-dete-go-gubev-vtoroto-01.jpg

Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус во јули во исповед за магазинот New York Times.

Со зборови полни болка таа откри низ што минала.

Нејзината емотивна исповед:

Беше јулско утро кое започна исто толку вообичаено, како и секој друг ден. Направи појадок. Нахрани ги кучињата. Напиј се витамини. Пронајди го изгубениот чорап. Крени ја мрсната боичка која се истркалала под масата. Прибери ја косата во коњско опавче пред да го земеш син ти од креветчето.

Откако му ја променив пелената, почувствував остар грч. Паднав на подот со него во рацете, пеејќи приспивна песна која ќе нè смири и двајцата, весела мелодија која беше тотално спротивна од моето претчувство дека нешто не е во ред.

Знаев дека додека го држев моето првородено дете, го губев второто.

Часови подоцна, лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на мојот сопруг. Ја чувствував смиреноста на неговата дланка и ги бакнував неговите дланки, влажни од нашите солзи. Зјапајќи во студените бели ѕидови, очите ми се вкочанија. Се обидов да замислам како ќе закрепнеме.

Се сетив на еден момент од минатата година, кога со Хари ја завршувавме долгата турнеја во Јужна Африка. Бев исцрпена. Го доев нашиот син и се обидував да изгледам храбро пред јавноста.

„Дали сте добро?“ – ме праша еден новинар. Му одговoрив искрено, не знаејќи дека тоа што ќе го речам ќе допре до многу нови мајки, а и постари, до секој кој на некој начин тивко страдал. Мојот одговор како да им даде дозвола на луѓето да ја кажат својата вистина. Но, не ми помогна најмногу искреното одговарање, туку самото прашање.

„Ви благодарам што прашавте“, реков. „Многу луѓе ме немаат прашано дали сум добро.“

Седејќи во болничкиот кревет, гледајќи како се крши срцето на мојот сопруг, додека се обидуваше да ги спои разбиените делови од моето, сфатив дека единствениот начин да почнеме да закрепнуваме е прво да прашам, „Дали си добро?“

Дали сме? Оваа година доведе многумина од нас до точка на пукање.

Загубата и болката го мачеа секој од нас во 2020 година. Слушнавме секакви приказни, жена го започнала својот ден најнормално, а потоа добива вест дека ја изгубила својата мајка од КОВИД-19. Маж се разбудил чувствувајќи се добро, но со мали симптоми, се тестирал, бил позитивен на корона вирус и за неколку седмици, како стотици и илјадници други, починал.

Поларизирани сме и се чувствуваме поосамено од кога било. 

Кога бев во моите доцни тинејџерски години, се возев со такси и видов жена на тротоарот целата расплакана, му кажав на таксистот да застане да видиме што не е во ред, но тој ми објасни дека Њујоркчаните своите приватни моменти ги живеат многу јавно. „Ние го сакаме градот, плачеме на улица, нашите солзи и приказни може да ги види секој. Не грижи се, некој на аголот ќе ја праша дали е добра“, ми рече тој.

Сега, години подоцна во изолација од пандемијата и кога тагувам за загубата на моето дете мислам на таа жена од Њујорк. Што ако никој не сопрел? Што ако никој не видел дека страда? Што ако никој не ѝ помогнал? 

Посакувам да можам да се вратам назад и да му кажам на таксистот да сопре. Најважно е тажните мигови да не ги минувате сами. Страшно е никој да не сопре и да ве праша дали сте добро.

Да изгубиш дете значи да носиш неподнослива тага, нешто кое многумина го искусуваат, но малкумина говорат за тоа. Во болката од нашата загуба, јас и мојот сопруг откривме дека во соба со 100 жени, 10 до 20 од нив имале доживеано спонтан абортус. Но, и покрај заедничката болка, оваа тема сè уште останува табу, полна со (неоправдан) срам и нераскинлив циклус на тагување во самотија.

Некои храбро ги споделија своите приказни, ја отворија вратата, знаејќи дека кога едно лице ја зборува вистината, тоа ни дава храборст на сите нас да го направиме истото. Научивме дека кога луѓето прашуваат како некој од нас се чувствува и кога навистина го слушаат одговорот, со отворено срце и ум, товарот на тагата станува полесен – за сите нас. Кога ќе добиеме покана да ја споделиме болката, ги правиме првите чекори кон закрепнувањето.

Така, овој пат на Денот на благодарноста, планираме празник како ниту еден досега. Многумина се разделени од своите сакани, сами се, болни, исплашени, поделени и можеби се борат да најдат нешто за кое ќе бидат благодарни, па ајде да се посветиме на прашување на другите: „Дали сте добро?“. Колку и да сме физички дистанцирани, вистината е дека сега сме поповрзани од кога и да е, поради сето она што го издржавме индивидуално и колективно годинава.

Дали сме добри?

Ќе бидеме.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...
Меган Фокс на настан во проѕирен фустан, а Машин Ган Кели се скри за да не се слика со неа (видео) Тој ја испрати до црвениот тепих, но наместо да застане до неа за да се фотограф...
Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg