Имаат 4 деца, се запознале на Инстаграм: Детали за бракот на Рики Мартин и Џуан Јосеф (фото)

Рики Мартин прв му пишал на Џуан на Инстаграм и тој го запросил по малку повеќе од една година состанување. Заедно добија ќерка и син со помош на сурогат мајка.

imaat-4-deca-se-zapoznale-na-instagram-detali-za-brakot-na-riki-martin-i-djuan-josef-foto-01.jpg

Рики Мартин е во брак со Џуан Јосеф од 2017 година и тие ретко објавуваат детали и фотографии од нивниот живот.

Заедно ги растат близнаците на Рики, Матео и Валентино, а потоа ја добија ќеркичката Лусиа, па синот Рен, со помош на сурогат мајка.

Сопругот на Рики Мартин, Џуан, е роден во 1984 година во Сирија, студирал уметност, одржува изложби, а секогаш е најголема поддршка на својот избраник.

Во една пригода парот откри дека се запознале на Инстаграм, откако Мартин видел убаво уметничко дело, па сакал да дознае чие е и така стапил во контакт со Џуан.

„Зборувавме за уметноста, ништо секси, сѐ беше околу уметноста и животот општо. Тој живееше во Лондон, па јас појдов во Лондон за да се сретнам со него“, изјави Рики Мартин во една пригода.

Парот за првпат се појави заедно на црвениот тепих на amFAR галата во април 2016 година во Бразил кога Рики Мартин ја потврди врската со објавување на нивна заедничка фотографија како се држат на раце и во описот напиша: „Да“.

Потоа најави свршувачка, откри дека тој го запросил Џуан, па се земале на приватна церемонија во 2017 за која Мартин проговори на почетокот од 2018 година.

Парот вели дека сака да има многу, многу деца.

Фотки од нивното секојдневие:

Повеќе фотки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава