Зошто Џеј Ло не дозволува жени стјуардеси на нејзините летови + која е жената што се врзува со Алекс Родригез?

Стјуардеси тврдат дека Џенифер Лопез е најбезобразната ѕвезда како патник. Се зборува дека таа не дозволува на нејзините летови да работат женски стјуардеси.

zoshto-djej-lo-ne-dozvoluva-zheni-stjuardesi-na-nejzinite-letovi-koja-e-zhenata-shto-se-vrzuva-so-aleks-rodrigez-01.jpg

Овие шпекулации се појавија деновиве, речиси веднаш откако нејзиниот вереник Алекс Родригез наводно бил „фатен“ како се допишува со Медисон ЛеКрој, ѕвездата на реалното шоу „Southern Charm“ на Инстаграм.

Стјуардеса на United Airlines раскажува како кога ја прашала Џеј Ло што ќе сака да се напие, таа воопшто не ја ни погледнала. Се завртела кон нејзиниот личен асистент и му рекла: „Кажи и дека сакам диетална кока кола и лимон.“

„Не сакаше ни да ме погледне, а камо ли да ми се обрати. Штета, толку слатко изгледа во нејзините филмови.“

„Џеј Ло не дозволува воопшто жени да работат на нејзините летови. Ако се случи да не лета со приватен авион, со себе носи личен асистент кој им се обраќа на стјуардесите наместо неа.“ – споделува стјуардеса на Твитер.

Има и обвинувања кои велат дека Лопез се однесува вака, затоа што нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони ја изневерувал со стјуардеса додека биле во брак.

?s=20

Што се однесува до шпекулациите за поврзаноста на Алекс Родригез со Медисон ЛеКрој, таа изјави дека приказните се невистинити: „Тој никогаш физички не ја изневерувал својата вереница со мене. Да, разговараме понекогаш, но не постојано и сосема невино.“

zoshto-djej-lo-ne-dozvoluva-zheni-stjuardesi-na-nejzinite-letovi-koja-e-zhenata-shto-se-vrzuva-so-aleks-rodrigez-02.jpg

ЛеКрој е самохрана мајка на едно 8 годишно дете. 31 годишната фризерка претходно била во брак 5 години.

„Имав 20 години кога се омажив, а го родив Хадсон на 22.“

Гледачите на Southern Charm забележале дека Алекс има „лајкнато“ неколку нејзини Инстаграм фотографии во минатото. Сепак, таа ги отфрла сите обвинувања за нејзината поврзаност со Родригез и вели дека воопшто лично се немаат запознаено.

 Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара? Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чи...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава