Андрија Милошевиќ зборува за љубовта и семејството: „Апсолутно сум подготвен да станам татко“

Српскиот актер во интервју за Telegraf.rs откри дека сака да стане татко. Во интервјуто тој говори за својата долгогодишна врска со колешката Александра Томиќ.

Andrija-Milosevic-Apsolutno-sum-podgotven-da-stanam-tatko-01.jpg

Андрија Милошевиќ на многумина им е омилен српски актер, кој покрај сериозните улоги, секогаш знае да ги насмее фановите со стендап, смешно видео или смешна улога како онаа во Андрија и Анѓелка.

Тој е во долга и среќна врска со неговата колешка Александра Томиќ, а во последното интервју актерот проговори дека со задоволство сака да стане татко.

За својата сакана Андрија вели дека е неговата втора половина:

„Ако нешто е прашање на среќа во животот, тогаш тоа е да ја најдеш својата втора половина. Замислете колку е тоа тешко сега, кога продажбата на телото и душата стана стандард“ - вели Андрија.

Судејќи според она што го кажува во интервјуто за српски Телераф, многу веројатно е дека Андрија и Александра имаат намера да се посветат на посериозните чекори во развојот на нивната заедничка врска. На прашањето дали планира наскоро да се испроба и во улогата на родител тој накратко одговори:

„Секако. Не сум луд да не станам татко.“

Српскиот актер веќе знае каков родител ќе биде и како ќе се постави во воспитувањето на детето:

„Апсолутно сум подготвен да станам татко и не се плашам од тоа. Го сакам тоа и (тоа) ќе се случи. Животот ве води на различни страни и патишта, а потоа едноставно доаѓате до еден миг кога помислувате на тоа. Всушност, вистински морате да го живеете животот без калкулации.“

Понатаму вели дека не можеме да калкулираме ништо, а особено не децата. Како што ќе нагласи: „Сè мора да почне од љубовта“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава