Џеј Ло и Бен Афлек веќе не ја кријат врската – прегрнати и фатени за рака одат на вечера (фото)

Бен Афлек и Џенифер Лопез се топ тема во светските медиуми откако се појавија информациите дека 17 години по раскинувањето на свршувачката, тие се повторно во романтична врска. Досега нема официјална потврда од нив, но се појавија нови фотографии што докажуваат дека двојката повторно е заедно.

j-lo-i-ben-aflek-vekje-ne-ja-krijat-vrskata-pregrnati-i-fateni-za-raka-odat-na-vechera-foto-01.jpg

Претходно беа објавени фотографии како Бен и Џенифер се враќаат од луксузниот одмор во Монтана, каде актерот поседува своја вила, а деновиве славната двојка повторно беше уловена додека ужива во доцна вечера во Холивуд.

Најпрво гласините за можната повторна врска помеѓу двојката што беше актуелна во раните 2000-ти години, се појавија откако Афлек беше забележан како оди во домот на пејачката непосредно по нејзиното раскинување со Алекс Родригез.

По ова беа објавени фотографиите по одморот во Монтана, а потоа се појавија информации дека двојката е заедно во Мајами, каде биле забележани како вежбаат во теретана, а биле забележани како се бакнуваат. Според анонимни извори, двојката изгледала мошне вљубено.

Прочитајте повеќе: „Отсекогаш беше опседната со Бен“: Како се смирија бившите свршеници Џеј Ло и Бен Афлек?

Сепак, ако некој и најмалку се сомневаше дека Џеј Ло и Афлек се заедно, тогаш овие фотографии ги отфрлаат сите сомнежи, затоа што покрај другото, на фотките ги гледаме прегрнати, како разменуваат нежности и уживаат заедно.

Сепак, по сè изгледа не одело сè како што треба затоа што на следните фотографии од автомобилот, каде славната двојка повторно е заедно, може да се забележи видна вознемиреност и кај Лопез и кај Афлек.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Им се родило мртво дете, па загинала во сообраќајка: Трагичната љубов на Кијану Ривс и Џенифер Сим Кијану Ривс и Џенифер Сим почнале врска во 1998-ма. Околу една година подоцна, т...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Парис Хилтон во штикли на плажа - пропаѓа во песокот додека сопругот вторпат ја запросува „Пет години подоцна, поради него срцето сè уште ми потскокнува. На Денот на...

Најчитани неделава