Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бритни Спирс конечно проговори: „Се извинувам што лажев дека сум во ред во последните две години – не сум добро“

„Се извинувам што лажев дека сум во ред во последните две години … Го правев тоа поради мојата гордост и се срамев да покажам што ми се случува“ – напиша Бритни Спирс на Инстаграм по емотивното сведочење за легалното старателство.

Britni-Spirs-se-izvinuvam-shto-lazev-deka-sum-vo-red-poslednite-dve-godini-ne-sum-dobro-01.jpg

Пејачката Бритни Спирс за првпат се огласи по емотивното сведочење за време на сослушувањето поврзано со легалното старателство на нејзиниот татко.

Таа на својот Инстаграм профил објави подолг текст во кој се извини затоа што во последните две години лажела дека е добра, а всушност не била, како што се сомневаа и нејзините фанови. 

„Само сакам да ви кажам една мала тајна… Верувам дека како луѓе сите сакаме живот што наликува на бајка и на начинот на којшто ги објавував нештата… Мојот живот ви се чинеше извонреден… Мислам дека сите целиме кон тоа!

Тоа беше една од најдобрите особености на мајка ми… Без разлика на тоа колку беше лош денот кога бев помала, за моето добро и за доброто на семејството таа секогаш глумеше дека сè е во ред. Сакам да ви привлечам внимание за ова затоа што не сакам луѓето да мислат дека мојот живот е совршен ЗАТОА ШТО НЕ Е ВООПШТО… И ако сте прочитале нешто за мене во вестите оваа недела… очигледно знаете дека не е!

Се извинувам што лажев дека сум во ред во последните две години… Го правев тоа поради мојата гордост и се срамев да покажам што ми се случува… Но, искрено кој не сака да се прикаже себеси на Инстаграм во забавно светло?

Верувале или не, тоа што лажев дека сум во ред, всушност и ми помогна … Одлучив да го споделам ова денес затоа што ако веќе минувате низ пекол … Се чувствувам дека Инстаграм ми помогна и ми даде можност да покажам дека сум присутна… Дека постојам… Едноставно да се чувствувам дека сум му важна некому без разлика на тоа низ што минував и да, ми помогна… Па одлучив да читам повеќе бајки“ – напиша Бритни на Инстаграм.

Инаку, во изминатиот период Бритни објавуваше различни видеа, за кои обожавателите често велеа дека се чудни, па дури и дека се однесува како некој да ја киднапирал и ѝ диктира како да се однесува на Инстаграм. Во повеќе наврати во коментарите ја прашуваа дали е добро и дали е во ред.

https://www.instagram.com/tv/CNlWw-uAqVU/?utm_source=ig_web_copy_link

За време на сведочењето во вторникот (22.06) кога Бритни емотивно говореше за тоа со што сè се соочувала поради легалното старателство на нејзиниот татко, поголем број нејзини обожаватели се собраа пред Судот во Лос Анџелес за да ѝ дадат поддршка.

Дополнително, јавна поддршка за неа упати и нејзиното поранешно момче Џастин Тимберлејк, со кого таа беше во врска во периодот од 1999 до 2002 година, пред бракот со Кевин Федерлајн.

Инаку, по разводот со Федерлајн, Бритни имаше јавен испад што резултираше со легалното старателство на нејзиниот татко.

Дел од медиумите пишуваат дека најголема улога за тоа што Бритни конечно реши да си го врати животот и да се ослободи од легалното старателство, има нејзиното ново момче, фитнес тренерот Сем Ашгари.

Тој беше со неа за време на сведочењето во Лос Анџелес. E News! повикувајќи се на извори блиски до двојката пишува дека тој е мошне горд со тоа што Бритни конечно решила да застане и да проговори за себе.

Britni-Spirs-se-izvinuvam-shto-lazev-deka-sum-vo-red-poslednite-dve-godini-ne-sum-dobro-02.jpg

Инаку, Бритни во своето 25-минутно излагање пред судот во Лос Анџелес, меѓу другото кажа и дека сака да стапи во брак со своето момче и да има деца, но дека поради легалното старателство не може да го направи тоа.

„Сакам легалното старателство да заврши – навистина верувам дека ова е насилство. Сакам да бидам во можност да се омажам за моето момче и да имам бебе, но легалното старателство не ми дозволува.

Имам спирала поради што не можам да имам бебе. Сакам да одам на лекар и да ја извадам, но тие (легалните старатели) не ми дозволуваат. Се чувствувам како некој постојано да врши насилство врз мене и осамена сум“ – рече меѓу другото пејачката во своето обраќање што траеше околу 25 минути.

Britni-Spirs-se-izvinuvam-shto-lazev-deka-sum-vo-red-poslednite-dve-godini-ne-sum-dobro-03.jpg

За време на сослушувањето во вторникот Бритни имаше само свое излагање, но не поднесе петиција за да се одземе старателството на татко ѝ. Се очекува да биде закажано ново сослушување на кое пејачката ќе може да ја поднесе петицијата и конечно да биде донесена одлука.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg