Бритни Спирс со него доживеа нервен слом, сега е во среќен брак и има 6 деца – Што прави денес бившиот сопруг на Бритни?


Бритни Спирс со него доживеа нервен слом, сега е во среќен брак и има 6 деца – Што прави денес бившиот сопруг на Бритни?

По драматичниот развод со Бритни и нејзиниот нервен слом, Кевин Федерлајн се ожени со скромна девојка и денес добива по 20.000 месечна алиментација за синовите со Бритни, работи како ди-џеј, а живее со сопругата Викторија Принц и со 6-те деца.

Britni-Spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-prav-01g.jpg

Додека Бритни доживуваше нервен слом поради загубата на старателството над децата, Кевин Федерлајн и Викторија Принц уживаа во заедничката врска. Тие се заедно од 2008-мата година, а наводно новата сопруга на Федерлајн уште на почетокот веднаш ги освоила срцата на неговите четири деца (две со Бритни и две од претходната свршеница).

Britni-Spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-pravi-02.jpg

Бритни Спирс деновиве води битка за да се ослободи од легалното старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс, а многумина се прашуваат што се случува со нејзините синови. Кој се грижи за нив?

Во продолжение се осврнуваме на тоа како битката за старателство над синовите се претвори во јавен нервен слом и 13-годишна легална битка и на тоа што прави поранешниот сопруг на Бритни деновиве.

Britni-Spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-pravi-03.jpg

Бритни и Кевин беа во брак од 2004 до 2007-мата година. Тие стапија во брак по само три месеци врска.

Во ноември 2006-тата година Бритни побара развод, поради ненадминливи разлики и побара и физичко и легално старателство над нивните два сина, а на Федерлајн да му се одобрат права за посета.

Нивниот развод беше финализиран во јули 2007-мата, но Федерлајн беше назначен како единствен старател на Џејден Џејмс и Шон Престон поради тоа што Бритни имала навика за често и постојано користење на супстанци и алкохол.

Britni-Spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-pravi-den.jpg

Драмата продолжи во 2008-мата година кога полицијата беше повикана во домот на Бритни откако таа наводно одбила да го отстапи старателството над децата и се заклучила во соба со едниот син Џејден.

По ова таа беше пренесена во институција, а Федерлајн како единствен старател се грижеше за нивните два сина.

По јавниот нервен слом Бритни беше ставена под легално старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс и нејзиниот адвокат Ендрју Валет. Тие двајца добија пристап до нејзините медицински податоци, ги ограничуваа нејзините посети и добија контрола врз нејзините финансии.

britni-spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-pravi-denes-bivshiot-soprug-na-britni-.jpg

Минатата година Џејми го изгуби физичкото старателство над Бритни, но го задржа правото да управува со нејзиното богатство и ја именува помалата сестра на Бритни, Џејми Лин Спирс, за единствен наследник на нејзиниот имот. Ова предизвика вистински шок, затоа што се очекуваше дека за единствени наследници треба да бидат именувани нејзините два сина.

По легалното старателство на Џејми Спирс, Бритни и Кевин добија заедничко старателство над децата 50/50. Сепак, таа одлука се промени во 2019-тата кога на Бритни ѝ беше намалено времето што може да го поминува со синовите и сега тие имаат 70/30 проценти старателство, поради што Бритни уште помалку ги гледа синовите.

Britni-Spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-pravi-05.jpg

По разводот со Бритни, Кевин почна јавно да објавува фотографии на социјалните мрежи од неговата нова врска со Ванеса Принц. Ванеса за разлика од Бритни беше скромна девојка од малиот град Кеневик, Вашингтон.

Britni-Spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-pravi-07.jpg

Таа потекнува од скромно семејство, татко ѝ бил електричар, а мајка ѝ продавачка. Има двајца браќа и сестра.

Во средно училиште играла одбојка, а завршила студии на Универзитетот во Вашингтон. По ова се преселила на Хаваи каде завршила студии за уметноста на говорот.

За неа немаше многу информации и речиси и да беше непозната до 2008-мата година кога почна да се гледа со поранешниот сопруг на поп-ѕвездата. Се вели дека таа веднаш ги шармирала неговите 4 деца од претходните врски.

Тие ја добија првата ќерка Џордан Кеј во 2011-тата година додека сè уште беа во врска, а две години подоцна во 2013-тата одлучија да стапат во брак во приватна церемонија во Лас Вегас.

Britni-Spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-pravi-06.jpg

Во моментов Викторија се грижи за 6-те деца на Кевин. Тој од врската со поранешната свршеница Шар Џексон има ќерка и син, по неа доби два сина со Бритни и уште две деца од бракот со Ванеса.

Кевин кој претходно беше танчер, а сега работи и како ди-џеј, во една прилика најави дека нема намера наскоро дополнително да го проширува семејството.

Што се однесува до односот со Бритни, се вели дека Ванеса и Бритни се во пријателски односи па биле уловени од страна на фотографите како заедно присуствуваат на фудбалски натпревари и други настани на двата сина на Бритни.

britni-spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-pravi-08.jpg

Инаку, Кевин Федерлајн неодамна се огласи и по повод движењето за ослободување на Бритни со формална изјава преку адвокат:

„Кевин смета дека е најдобро за неговите деца нивната мајка да биде среќна и здрава, па дури и ако таа може да го стори тоа без старателство, тогаш тоа е одлично“ – стоеше во изјавата на адвокатот.

britni-spirs-so-nego-dozivea-nerven-slom-sega-e-vo-srekjen-brak-i-ima-6-deca-shto-pravi-09.jpg

За мало потсетување по разводот со Бритни тој доби 1.3 милиони долари и секако доби и право на алиментација. Според предбрачниот договор, пејачката морала да плати 250.000 долари за адвокатските трошоци на нејзиниот поранешен сопруг.

Тој во моментов добива по 20.000 долари месечно алиментација за неговите два сина со Бритни. Во 2018-тата побарал да биде зголемен износот, но таткото на Бритни кој е нејзин легален старател, не прифатил.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цел живот во сенка на Бритни, бремена на 16 години: Која е Џејми Лин Спирс, сестрата на Бритни? Секогаш е во втор план како сестра на Бритни, но тоа не ѝ пречи да работи на сво...
Бритни Спирс со ризичен стајлинг на улиците во Париз (фото) Бритни Спирс периодов е комплетно посветена на нејзината турнеја Piece Of Me, но...
10 докази дека Анџелина Џоли живее со полн здив по разделбата од Бред Пит Холивудската актерка не прифаќа порази и граба од животот. Таа купи нов дом, се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg