Има три деца со бившата која била злоупотребувана - Кој е новиот дечко на Рита Ора?

Оскаровецот Таика Ваитит се стекна со светска слава откако се појавија информациите дека е во врска со Рита Ора. Тој претходно бил во брак со Челза Винстенли со која имаат иста професија, заедно соработувале на филмови, а се вели дека таа е заслужна за неговата успешна кариера.

zhrtva-na-nasilstvo-majka-na-tri-deca-pomalku-poznati-fakti-za-bivshata-sopruga-na-noviot-dechko-na-rita-ora-01.jpg

Рита Ора и нејзиното 15 години постаро момче за првпат се појавија на црвениот тепих на премиерата на филмот The Suicide Squad во понеделникот (02.08).

zhrtva-na-nasilstvo-majka-na-tri-deca-pomalku-poznati-fakti-za-bivshata-sopruga-na-noviot-dechko-na-rita-ora-03.jpg

Претходно повеќепати се појавија фотографии што навестуваа дека Ора (30) и Ваитит (45) се во врска, а ова е првпат тие и официјално да ја потврдат врската. Пејачката изгледаше одлично во фустанот со структурирано здолниште кое наликуваше на огромна панделка.

zhrtva-na-nasilstvo-majka-na-tri-deca-pomalku-poznati-fakti-za-bivshata-sopruga-na-noviot-dechko-na-rita-ora-02.jpg

Претходно, во јавноста се појавија фотографии од Ора и Ваитит како уживаа во заедничка прошетка во Сиднеј, а посебно беа интересни фотографиите кога тие двајца по забавата во домот на режисерот се бакнуваа во тројка со актерката Теса Томпсон.

Се чини дека режисерот што зад себе има мошне богата и успешна кариера, стана популарен токму откако ја започна врската со 15 години помладата пејачка.

Таика Ваитит беше во брак со неговата поранешна сопруга Челза Винстенли од 2011-тата година. Таика и Челза и двајцата имаат по 45 години, а последен пат биле фотографирани заедно на забавата по повод доделувањето на Златните глобуси во јануари, откако работеле заедно на филмот Jojo Rabbit, каде тој беше режисер, а таа продуцент (За овој филм Таика доби Оскар).

zhrtva-na-nasilstvo-majka-na-tri-deca-pomalku-poznati-fakti-za-bivshata-sopruga-na-noviot-dechko-na-rita-ora-04.jpg

Често се вели дека зад успешната кариера на Оскаровецот Ваитит стои неговата поранешна сопруга Челза, со која се запознал во 20-тите години од животот.

Тоа што имале иста професија, овозможило мошне брзо да се поврзат. Тие првпат се сретнале кога Челза го интервјуирала за ТВ документарец каде се правеле профили на уметници Маори (инаку и Челза по мајчина страна има потекло од ова племе во Нов Зеланд).

zhrtva-na-nasilstvo-majka-na-tri-deca-pomalku-poznati-fakti-za-bivshata-sopruga-na-noviot-dechko-na-rita-ora-05.jpg

Тие се гледале две години пред да стапат во брак. За време на десетте години колку што биле во брак тие добиле три деца. Пред да стапи во брак со Таика Челза веќе имала еден син.

Всушност таа станала мајка на Маја, истата година кога се запознала со Таика, на возраст од 20 години, а таткото на нејзиниот син ја напуштил само три месеци по раѓањето на детето.

zhrtva-na-nasilstvo-majka-na-tri-deca-pomalku-poznati-fakti-za-bivshata-sopruga-na-noviot-dechko-na-rita-ora-07.jpg

Челза по ова имала страшна сообраќајна несреќа, поради која цели шест месеци била неподвижна и морала да се учи одново да оди.

Таика ѝ помогнал на Челза да се справи со последиците од сексуалната злоупотреба, но и со последиците од сообраќајната несреќа. Таа била сексуално злоупотребувана додека сè уште била дете, а за поддршката од поранешниот сопруг ќе каже:

„Колку што станував повозрасна, толку станував поискрена. Разговарав со него за тоа дека ме злоупотребувале и тој беше меѓу првите луѓе на кои им кажав. Нормално, никому ништо не кажував. Но, колку повеќе говорам за тоа, толку повеќе сфаќам колку ни е потребно да заборавиме, за да не се справуваме постојано со тоа.“

zhrtva-na-nasilstvo-majka-na-tri-deca-pomalku-poznati-fakti-za-bivshata-sopruga-na-noviot-dechko-na-rita-ora-08.jpg

Тие го добија првото заедничко дете, ќерката Те Каинга о Те Хинекаху Ваитити во мај 2012-тата година, а по три години ја добија и втората ќерка Матева Киритапу во 2015-тата година.

zhrtva-na-nasilstvo-majka-na-tri-deca-pomalku-poznati-fakti-za-bivshata-sopruga-na-noviot-dechko-na-rita-ora-09.jpg

Винстенли навести дека таа и Ваитит се разделиле по доделувањето на Оскарите во 2020-тата година, кога на доделувањето на наградите се појави со мајка ѝ.

zhrtva-na-nasilstvo-majka-na-tri-deca-pomalku-poznati-fakti-za-bivshata-sopruga-na-noviot-dechko-na-rita-ora-06.jpg

Минатата година беше потврдено дека тие се разделиле, а информациите за разводот две години ги чувале во тајност.

Повеќе фотографии од Челза во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg