15 факти кои покажуваат зошто сите сакаме љубов како на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
Смислата за хумор на актерите е незаменлива и тие постојано се шегуваат на нивна сметка. На пример, Рајан ѝ го честита Денот на мајката на Блејк со пораката: „Не ни помислив дека сексот во тоалетот на аеродром ќе доведе до ова“.
Блејк, пак, напиша уште подобра честитка за Денот на таткото: „Уште од денот кога се роди нашето бебе, срцето ми кажуваше дека најверојатно ти си таткото“.
Но покрај многуте шеги, тие ги кажуваат и најслатките работи еден за друг – Блејк има изјавено дека Рајан е дел од неа и дека буквално сè прават заедно.
Тие се заедно скоро 10 години, но ни на миг не им здодеало. Всушност, парот има изјавено дека никогаш не биле разделени подолго од една седмица – нешто што е речиси невозможно со нивните кариери.
И двајцата често се вклучуваат во добротворни кампањи и им помагаат на луѓе од сиромашни семејства, луѓе кои претрпеле штета од природни катастрофи и неретко посетуваат деца во болници.
Секојпат кога се појавуваат лажни гласини за нив, како неверство и раскинување, Блејк и Рајан ги претвораат во шеги и ги исмејуваат. На пример, кога се појавија гласини дека се разделиле, Рајан сподели фотка од него, Блејк и мајка му со опис: „Никогаш нема да се разделиме, таа секогаш ќе ми биде мајка“.
Никогаш не прифаќаат ангажмани во исто време бидејќи не сакаат и двајцата да бидат отсутни од домот на долг период и да ги оставаат децата со дадилки.
И двајцата имаат изјавено дека нивниот брак е совршен бидејќи тие се и најдобри пријатели. Всушност, уште пред да ја почнат врската, Рајан и Блејк биле многу, многу добри пријатели.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год...
Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“
„Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс „глумат вљубени птички“ по гласините за криза во бракот – тој ја носи ...
„Колку исценирано, глумат дека се забавни, сами викнале папараци...“ - Блејк и Р...
Бракот на Блејк Лајвли и Рајан во криза: „Ја молеше да се откаже од судењето, сега е гневен бидејќи ...
„Рајан ја молеше да се откаже, но Блејк беше многу упорна. Сфати дека кога е так...
Блејк Лајвли тажна и неуредна, ги трпи последиците од стресниот период – Рајан Рејнолдс ужива без не...
На последните папарацо фотки, Блејк Лајвли е со лежерна облека, без шминка и со ...
Блејк Лајвли ја споредуваат со демон, Џастин Балдони бил „морон“: Нови детали за холивудската драма
„Балдони зборуваше за сексуалните врски со жени. Кажуваше дека присилувал жени н...