Факти за Мистер Бин, Роуан Аткинсон - има 26 години помлада девојка, на 62 години стана татко по трет пат
Роуан избегнува интервјуа, ретко говори за сопствениот живот, а ако се додаде и тоа што неговите ликови ретко говорат, се смета дека тоа се должи на тоа што актерот целиот живот страда од благо пелтечење.

Неговата Facebook страница е една од најпопуларните во светот, но тој самиот тврдеше дека не ги сака социјалните мрежи.
„Немам желба да бидам присутен на социјалните мрежи. Тоа што се случува таму е споредно во однос на мојот живот“ – рече тој.

За Роуан мошне е важна приватноста. Од неговата 4-годишна ќерка воопшто не можат да се најдат фотографии, а за неговата претходна сопруга ниту најблиските не знаеле дека е бремена, додека не се породила.

На јавноста Роуан ќе ѝ остане познат по улогата на Мистер Бин, но во интервју од минатата година откри дека навистина мрази да ја игра оваа улога.
„Не сакам да ја играм таа улога. Не ми е пријатно затоа што имам голема одговорност. Навистина ми е стресно и ме исцрпува и навистина се радувам што конечно ќе заврши“ – рече тој.

Во јавноста е познат како комичарот што се однесува како дете во реалниот свет, а во приватниот живот е доста интелегентен човек, а по професија е електроинженер со дипломи од два универзитети: Универзитетот во Њукасл и Оксфорд.
Фан страница посветена на него:
Прочитајте и Молчалив е, има огромно богатство: Интересни факти за Роуан Аткинсон - Мистер Бин
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св...
„Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено
Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи...
„Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли...
Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...