Џеј Ло во бел фустан го придружуваше Бен на црвениот тепих во Венеција, точно 18 години по раскинувањето (фото+видео)
- Детали
- сабота, 11 септември 2021
Бен Афлек и Џеј Ло првиот пат ја раскинаа свршувачката само неколку дена пред свадбата во септември во 2003-тата година. Сега, 18 години подоцна повторно се заедно на црвениот тепих, а Џеј Ло во оваа прилика се одлучи за бел фустан со длабоко деколте.
Бен Афлек и Џенифер Лопез за првпат се појавија заедно на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Џеј Ло го придружуваше Бен на премиерата на филмот The Last duel за кој тој го напиша сценариото заедно со Мет Дејмон.
Афлек се појави во црн смокинг костум, а Џеј Ло се појави во бела тоалета од есенската колекција на Georges Hobeika.
https://www.youtube.com/watch?v=VT1Ak9MFb4U
Инаку, ова е првпат двојката да се појави заедно на црвениот тепих по премиерата на нивниот заеднички филм од 2003-тата година Gigli, само неколку месеци пред официјално да ја раскинат свршувачката.
Да се присетиме, во септември, 2003-тата година на само неколку денови пред свадбата што во тој период привлекуваше огромно медиумско внимание, двојката излезе со заедничка изјава дека ја раскинуваат свршувачката.
Сега, 18 години подоцна Џенифер Лопез се појави во Венеција заедно со нејзиното момче во знак на поддршка за неговиот најнов филмски проект.
Прочитајте и Се вљубил во Џенифер Гарнер додека бил со Џеј Ло: Детали како Бен Афлек раскина со Џеј Ло и се ожени со Гарнер
Погледнете повеќе фотографии од нивното појавување во Венеција во продолжение: