Што прави Меган Фокс (35) за да изгледа совршено и по 3 бремености?

За ручек обично јаде јапонска храна што се состои од лосос и ориз, како ужинка меѓу ручекот и вечерата обично зема протеински шејк и овошје.

Вечерата се состои најчесто од пилешки гради и киноа.

shto-pravi-megan-foks-35-za-i-po-tri-bremenosti-da-izgleda-sovrsheno-05.jpg

Доколку сите други знаат понекогаш да се опуштат и да „измамат“ со некое слатко задоволство додека се на диета, Меган вели дека таа останува во целост посветена на утврдениот режим на исхрана.

„Или правам нешто во целост или не го правам, и ако сум на диета тоа значи дека нема денови кога ќе се опуштам. Но, ако би сакала еден ден да ја скокнам диетата, најверојатно би зела пица или торта“ – вели таа.

shto-pravi-megan-foks-35-za-i-po-tri-bremenosti-da-izgleda-sovrsheno-06.jpg

Таа ужива понекогаш да консумира свежо овошје во форма на смути. Според информациите што нејзиниот тренер Харли Пастернак ги сподели, Меган обожава црвено смути со бобинки, црн чај, лажица протеини во прав и многу малку бадемово млеко.

shto-pravi-megan-foks-35-za-i-po-tri-bremenosti-da-izgleda-sovrsheno-07.jpg

Секако освен што мошне внимава на исхраната таа вежба минимум трипати неделно. Нејзиниот тренер за неа има воспоставено режим на тренинг што се состои од пет дела: петминутни кардиовежби за загревање, вежби за обликување на долниот дел од телото, за горниот дел од телото, но и за обликување на пределот околу абдоменот. За крај има пет минути за одмор.

shto-pravi-megan-foks-35-za-i-po-tri-bremenosti-da-izgleda-sovrsheno-08.jpg

Меган најчесто вежба по 45 до 60 минути на велосипед, има долги кардио сесии или крева тегови.

Нејзиниот тренер Харли Пастернак, исто така, кажа дека им препорачува на неговите клиенти (меѓу кои освен Меган Фокс, се и Ријана Аријана Гранде и Ким Кардашијан), во секојдневната рутина да внесуваат што е можно повеќе активност.

shto-pravi-megan-foks-35-za-i-po-tri-bremenosti-da-izgleda-sovrsheno-09.jpg

Според Пастернак доколку редовно правите по 12.000 чекори дневно, би ви биле потребни само по 20-тина минути во теретана за да се одржите во топ форма.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...

Најчитани неделава