Што доби Џенифер Анистон од разводот со Бред Пит и што се случи со неговото богатство?

Иако разводот на Џенифер Анистон и Бред Пит помина релативно мирно и актерите се во добар однос, тој сепак морал да ѝ плати голема сума бидејќи немале предбрачен договор. Но, ова веројатно не се ни споредува со парите што ги даде Бред во разводот со Анџелина Џоли.

kolku-pari-dobi-dzhenifer-aniston-od-razvodot-so-bred-pit-01.jpg

Иако настојува да се држи понастрана од јавноста и изгледа како повлечена личност, Бред Пит е сеприсутен во светските медиуми.

Во неговиот живот секогаш има некоја драма што го привлекува вниманието на јавноста и за актерот е практично невозможно да ја скрие својата приватност.

Дефинитивно, најмногу се зборува за љубовниот живот на 58-годишниот актер, односно бракот и разводот со Џенифер Анистон, а потоа и со Анџелина Џоли.

kolku-pari-dobi-dzhenifer-aniston-od-razvodot-so-bred-pit-02.jpg

Додека разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли наликува на бојно поле и вклучува дури и тужби, разделбата со Џенифер Анистон помина помирно, но слободно можеме да кажеме дека беше вистински шок и за јавноста, а и за самата актерка.

Иако Бред и Џенифер останаа во добри односи и не водеа битка за нивното богатство, актерот сепак мораше да ѝ исплати одредена сума.

kolku-pari-dobi-dzhenifer-aniston-od-razvodot-so-bred-pit-04.jpg

Актерите се запознале на концерт на Стинг во 1999 година и беа најпопуларниот пар на почетокот од 2000-тите. Сепак, во 2005-та, по пет години во брак, тие решија да се разделат.

Според некои причината беше Анџелина Џоли, но актерот има изјавено дека не се чувствувал како себеси во бракот.

„Почнав да се чувствувам патетично. Ми стана јасно дека барав филмови за нечиј интересен живот, но јас самиот воопшто не водев интересен живот.

Мислам дека мојот брак имаше влијание врз тоа. Обидите да се преправам дека бракот е нешто што всушност не е“.

kolku-pari-dobi-dzhenifer-aniston-od-razvodot-so-bred-pit-06.jpg

Иако меѓу актерите разводот помина релативно мирно, Џенифер има изјавено дека тешко го преболела Бред, но и дека медиумите дополнително ѝ ја отежнале ситуацијата.

Сепак, актерката и добила нешто од разводот – бидејќи со Бред немале предбрачен договор, актерот морал да ѝ исплати одредена сума.

kolku-pari-dobi-dzhenifer-aniston-od-razvodot-so-bred-pit-08.jpg

Бидејќи тогаш Бред имал повеќе пари во банка од Џенифер, морал да ѝ го даде домот во којшто живееја чија вредност се проценува на околу 29 милиони долари. Исто така, актерката добила мал дел од акциите од продукциската компанија на Бред – Plan B Productions.

Истовремено, Бред морал да ѝ даде на Џенифер дури 50% од целата негова заработка од периодот кога беа во брак. Кога ќе се земе предвид дека на почетокот на 2000-тите Бред направи неколку ултра популарни филмови со огромна заработувачка, Џенифер дефинитивно добила многу голема сума.

Не е познат точниот број, но наводно актерката не била заинтересирана за пари и не се ни обидувала да добие нешто повеќе.

kolku-pari-dobi-dzhenifer-aniston-od-razvodot-so-bred-pit-07.jpg

Иако ова изгледа како многу, разводот со Анџелина Џоли сигурно го чинеше многу повеќе.

Прочитајте повеќе: Постојано е незадоволна: Колку ѝ плаќа Бред Пит алиментација на Анџелина Џоли за децата?

kolku-pari-dobi-dzhenifer-aniston-od-razvodot-so-bred-pit-05.jpg

Бидејќи ситуацијата меѓу нив е релативно смирена, наводно финансиската состојба на актерот се стабилизира, па се претпоставува дека денес „тежи“ околу 300 милиони долари.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Анџелина Џоли сакала да се смири со Бред – ја одбил, па го отуѓила од децата за да му се одмазди Веројатно сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се откажат од презимето на ак...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...

Најчитани неделава