„Одев на работа со автобус, а се враќав со Bugatti“: Џорџина Родригез „тешко“ се навикнала на раскошот, семејството ја критикува

Во својот нов документарец, Џорџина вели дека неколкупати се изгубила во огромната куќа на Роналдо на почетокот од нивната врска, но дека сега вистински ужива во луксузот. Нејзиното семејство, пак, тврди дека таа е „најзлобната жена на светот“ бидејќи се срамела од нив.

odev-na-rabota-so-avtobus-a-se-vrakjav-so-bugatti-dzhordzhina-rodrigez-teshko-se-naviknala-na-raskoshot-semejstvoto-ja-kritikuva-01.jpg

Џорџина Родригез се прослави најмногу поради тоа што му е девојка на Кристијано Роналдо, а во нејзиниот документарец кој премиерно ќе биде прикажан кон крајот на јануари, односно на нејзиниот 28-ми роденден, открива секакви детали за неа. 

Во документарецот Џорџина ќе се пофали со раскошниот живот со познатиот фудбалер и нивните деца, а во неколку инсерти споделува дека воопшто не ѝ било лесно да се навикне на целиот луксуз.

prodavav-luksuzna-obleka-sega-ja-nosam-dzhordzhina-rodrigez-teshko-se-naviknala-na-raskoshot-semejstvoto-ja-kritikuva-08.jpg

Кога ја почнаа врската со Роналдо, Џорџина работеше како асистент за продажба во продавница на Gucci, а фудбалерот редовно ја земал од работа.

„Одев на работа со автобус, а се враќав со Bugatti. Претходно продавав луксузна облека, а сега ја носам на црвениот тепих. Имам милиони следбеници и сум девојка на најследениот маж на планетата“.

prodavav-luksuzna-obleka-sega-ja-nosam-dzhordzhina-rodrigez-teshko-se-naviknala-na-raskoshot-semejstvoto-ja-kritikuva-02.jpg

Иако Џорџина вели дека ништо во животот не се постигнува лесно, истакнува и дека некои желби навистина се исполнуваат.

27-годишниот модел открива дека кога првпат отишла на гости кај Роналдо дури се изгубила во неговата куќа бидејќи била огромна.

„На почетокот кога одев во куќата на Кристијано, се губев секојпат кога одев до кујната по вода. Некогаш ми требаше половина час да се вратам во дневната бидејќи не го знаев патот. Куќата беше огромна. Целиот живот сум навикната да живеам во мали станови. По половина година, научив каде е сè“.

prodavav-luksuzna-obleka-sega-ja-nosam-dzhordzhina-rodrigez-teshko-se-naviknala-na-raskoshot-semejstvoto-ja-kritikuva-06.jpg

Очигледно, Џорџина лесно се привикнала на луксузниот живот и веќе се однесува како дива, па вели дека преферира да патува со приватен авион.

„Приватниот авион го прави патувањето многу полесно. Ако требаше да чекам по два часа на аеродром со Кристијано, подобро да не патувам“.

prodavav-luksuzna-obleka-sega-ja-nosam-dzhordzhina-rodrigez-teshko-se-naviknala-na-raskoshot-semejstvoto-ja-kritikuva-05.jpg

Но, додека Џорџина ужива во луксузот, нејзиниот чичко изјави дека таа е „најзлобната жена во светот“ и тврди дека целосно го заборавила нејзиното семејство откако го сретнала фудбалерот.

Таткото на Џорџина бил дилер, а кога таа имала само 4 години, бил фатен како шверцува кокаин во вредност од над 100.000 долари, по што завршил во затвор. Тогаш истапил нејзиниот чичко кој се грижел за Џорџина и нејзината сестра.

„Јас бев одговорен за Џорџина и нејзината сестра. Им купував облека и ги плаќав нивните сметки за струја и вода. Направив сè. Џорџина живееше со мене во тинејџерските години“, вели тој за The Sun.

Сепак, тој тврди дека сега Џорџина не му се ни јавува, а бил толку изреволтиран, што дури напишал и објава на Фејсбук страницата на Кристијано:

„Покрај тебе е најзлобната жена во светот“.

prodavav-luksuzna-obleka-sega-ja-nosam-dzhordzhina-rodrigez-teshko-se-naviknala-na-raskoshot-semejstvoto-ja-kritikuva-07.jpg

Чичкото на Џорџина смета дека таа се срами од нејзиното семејство.

„Можеби таа се срами од нас и смета дека е подобра од нас бидејќи не живееме во луксуз како неа. Никогаш не сум ѝ побарал ништо. Ми се јави само еднаш или двапати откако почна да се гледа со Роналдо“.

А, изгледа чичко ѝ не е единствениот револтиран од однесувањето на Џорџина. Наводно, нејзината сестра ја замолила да ѝ даде автограм од познатиот фудбалер. Но, Џорџина само ѝ рекла дека „тој е на одмор“.

Според The Sun, Џорџина заборавила и на нејзината баба и не ја ни запознала со Роналдо и децата пред да почине. Засега Џорџина нема одговорено на овие критики.

Трејлерот за документарецот на Џорџина:

Прочитајте повеќе: Татко ѝ бил во затвор за продажба на дрога, работела како дадилка во Лондон: Факти за Џорџина Родригез

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Џорџина Родригез на Инстаграм среќна, во живо пак намќореста кога Роналдо ѝ се обраќа на одморот во ... „Што е првото нешто што го видовте?“ –  ги прашува твитерџиите Џорџина Родр...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg