Огромен веренички прстен, две луксузни свадби, скандали и развод – Факти за бурната врска на Џони Деп и Амбер Херд
По година и пол врска во 2014-та година Џони и Амбер се свршија, а за огромниот свршенички прстен се шегуваа дека е во големина на сантата-мраз што го потопи Титаник. Џони ја потврди свршувачката во видео интервју за Daily Mail кога носеше дијамантски прстен и рече дека сѐ е јасно.
Во 2015-та година Џони Деп и Амбер Херд стапија во брак на приватна церемонија што се одржа во нивниот дом во Лос Анџелес, а само неколку дена подоцна заминаа на Бахамите каде имаа уште една приватна церемонија. Неодамна, Џони откри дека таа свадба била составена од: вечера, танцување и дроги.

Првите проблеми за Џони и Амбер се случуваат подоцна во 2015-та година кога таа оди во Австралија за да му се придружи додека тој работи на снимањето на филмот Pirates of the Caribbean, a со себе ги понесе и двете кучиња териери Пистол и Бу без претходно да обезбеди лиценца и да ги чува во 10-дневен карантин според тамошните правила.

Властите им дадоа рок од 72 часа во кој актерите требаше да ги вратат кучињата дома во САД, а по исполнувањето на рокот, актерите дадоа јавно извинување преку видео порака.

Истото лето во медиумите се појавија фотографии на кои се гледа како Џони Деп си заминува за САД, а едната рака му е во завој. Официјалната приказна беше дека актерот се повредил за време на снимањето на филмот.

За време на последното сведочење Амбер тврдеше дека актерот ја фрлил врз пинг-понг маса, дека ја држел во заложничка ситуација, ја обвинувал за неверства и фрлал врз неа шишња. По ова, актерот изјави дека неговата сопруга, пак, му фрлила шише со вотка со кое му го отсекла врвот од прстот.

Во мај 2016-та година Херд поднесе докумeнти за развод и побара на Џони да му се додели забрана за пристап. Таа тврдеше дека е жртва на насилство, што најчесто се случувало кога тој бил под дејство на дрога и алкохол.

Таа објави фотографии на кои имаше модринки, а тврдеше дека Џони го фрлил телефонот врз неа. Сепак, според полицијата, кога дошле на местото на настанот во домот немало никаков инцидент.

Во 2016-та парот се разведе и постигна спогодба од која доби 7 милиони долари. Херд по разводот потпиша и NDA договор според кој не смееше да открива детали од времето поминато со актерот.

Сепак, во 2018-та година откако рече дека парите од разводот ги дала во добротворни цели Амбер одлучи да напише подолга статија за The Washington Post каде говореше за третманот на жените жртви на домашно насилство.

По ова, во 2019-та година Џони Деп започна судска постапка за клевета заради споменатата статија и така започна судската сага која со години се провлекува низ судниците и се чини дека се отвори пандорината кутија, а од неа излегоа сите бизарни детали за врската на славниот пар.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи...
„Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак...
Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о...
Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки
Елен Де Џенерис беше обвинета за расизам и омаловажување на вработените во шоуто...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту...
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...