По мозочен удар морала да учи да говори и да оди, а сопругот ја оставил и ѝ го одземал синот – Факти за Шерон Стоун

„Паднав на најголемите испити во животот. Не успеав да си го сочувам здравјето, не успеав да си го спасам бракот “ – вели Шерон Стоун. Во своите 64 години имала повеќе блиски средби со смртта, а улогата во филмот Basic Instinct ја добила дури откако сите звучни имиња од тоа време одбиле да ја играат.

po-mozochen-udar-morala-da-uchi-da-govori-i-da-odi-a-soprugot-ja-ostavil-i-i-go-odzemal-sinot-fakti-za-sheron-stoun-01.jpg

Во март годинава актерката Шерон Стоун наполни 64 години, а еден месец подоцна се појави на насловната страна на Vanity Fair Италија. Видно остарена и со седа коса, актерката која некогаш важеше за секс симбол говореше за сопствениот живот и за тоа што научила од искуствата.

Во големо интервју за магазинот таа рече дека времето не постои, дека годините што минуваат само нѐ прават посилни и мора да научиме да ги процесираме траумите од минатото, а ако некој може да говори за трагедии и за блиски средби со смртта - Шерон има искуство.

po-mozochen-udar-morala-da-uchi-da-govori-i-da-odi-a-soprugot-ja-ostavil-i-i-go-odzemal-sinot-fakti-za-sheron-stoun-02.jpg

Ако се следи нејзината животна приказна и големиот број незгоди што ги поминала, можеби и ќе си помислите дека таа буквално има „девет животи“.

Како дете била удрена од гром, за малку ќе била обезглавена додека се обидувала да скроти коњ, исто така имала шинато рамо, па дури ѝ се случило да мора да ѝ извадат и заб во актерската приколка без анестезија.

Имала целосна реконструкција на вилицата, здравствени проблеми заради пукната циста на јајчниците, а во 2001-ва година имала аневризма на мозокот па се смета дека е вистинско чудо тоа што воопшто останала жива, а се соочила и со краткотрајна амнезија.

po-mozochen-udar-morala-da-uchi-da-govori-i-da-odi-a-soprugot-ja-ostavil-i-i-go-odzemal-sinot-fakti-za-sheron-stoun-09.jpg

Во март минатата година таа ја објави својата книга мемоари The Beauty of Living Twice во која откри голем број непознати детали за сопствениот живот.

Дополнително таа исто така се вклучи и во #MeToo движењето па откри како за снимањето на Basic Instinct ѝ рекле дека во скандалозната сцена каде што ги шири нозете - нејзината интима нема да биде видена.

po-mozochen-udar-morala-da-uchi-da-govori-i-da-odi-a-soprugot-ja-ostavil-i-i-go-odzemal-sinot-fakti-za-sheron-stoun-03.jpg

Таа имаше само пофални зборови за Мајкл Даглас во нејзините мемоари, но откри дека еден од продуцентите ја присилил да има секс со колега во друг непознат филм со цел да го направи филмот поатрактивен.

„Луѓето знаеја да речат дека Шерон Стоун ја има најголемата храброст во цел Холивуд. Не е случајност тоа што бев првата жена што добиваше хонорари вредни за почит – иако беа помали од оние на мажите, сепак беа поголеми од она што жените го добиваа во минатото“ – раскажува таа.

Во продолжение да проследиме повеќе интересни факти што можеби не сте ги знаеле за брилијантната холивудска актерка:

Шерон кариерата ја започнала како модел откако победила на Miss Crawford County, по што заминала во Њујорк каде позирала за реклами, а на возраст од 22 години, во 1980-та година дебитирала во филмот на Вуди Ален, Stardust Memories.

po-mozochen-udar-morala-da-uchi-da-govori-i-da-odi-a-soprugot-ja-ostavil-i-i-go-odzemal-sinot-fakti-za-sheron-stoun-04.jpg

Најголемата слава ја стекнала по улогата во филмот Basic Instinct. Оваа улога била одбиена од голем број други актерки како Џулија Робертс, Мег Рајан, Мишел Фајфер и Брук Шилдс, заради разголените сцени во филмот.

po-mozochen-udar-morala-da-uchi-da-govori-i-da-odi-a-soprugot-ja-ostavil-i-i-go-odzemal-sinot-fakti-za-sheron-stoun-13.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава