Криел дека има рак на грлото, со вештачка интелигенција го вратил гласот – Факти за Вал Килмер

Неколку години се обидувал да скрие дека има рак на грлото, целосно го загуби гласот, а денес говори со гласовна кутија и со помош на вештачка интелигенција си го врати гласот – Факти за Вал Килмер, актерот кој игра заедно со Том Круз во Top Gun: Maverick.

kriel-deka-ima-rak-na-grloto-so-veshtachka-inteligencija-go-vratil-glasot-fakti-za-val-kilmer-01.jpg

Вал Килмер (62) е легендарен холивудски актер кој по тешката борба со ракот неодамна повторно се врати на филмското платно со улогата во Top Gun: Maverick, каде глуми заедно со Том Круз. Заради најновата улога неговиот живот повторно е во фокусот на јавноста.

kriel-deka-ima-rak-na-grloto-so-veshtachka-inteligencija-go-vratil-glasot-fakti-za-val-kilmer-02.jpg

Во Холивуд го нарекуваат и „психо Килмер“ затоа што наводно е еден од најпроблематичните актери со кои речиси никој не сака да работи.

Бил озлогласен затоа што често влегувал во конфликти со колегите и со режисерите, а речиси секогаш бил уверен во тоа дека тој знае како најдобро треба да се одигра улогата.

Режисерот на Batman Forever, Џоел Шумахер за него вели дека бил личност со најголеми психолошки проблеми што некогаш ја сретнал.

Сепак, тоа не го спречуваше да оставри плодна филмска кариера во 90-тите години на минатиот век и во почетокот на 2000-тите.  

kriel-deka-ima-rak-na-grloto-so-veshtachka-inteligencija-go-vratil-glasot-fakti-za-val-kilmer-03.jpg

Познат е по улогите во филмовите The Doors, каде го глумеше легендарниот Џим Морисон, Batman, Kiss Kiss Bang Bang, The Ghost, Red Planet и секако во Top Gun, филмот што му донесе светска слава.

Сепак, враќањето на Вал Килмер во Top Gun воопшто не беше лесно. Актерот помина тежок пат во борбата со ракот на грлото и целосно ги загуби гласот.

Во продолжение неколку интересни факти за него што можеби не сте ги знаеле:

На 12 години Вал добил работа како актер во реклама за хамбургери, но си заминал од снимањето затоа што не можел доволно да се соживее со улогата. Петнаесет години подоцна ќе ја добие улогата во Top Gun што ќе му го промени животот.

kriel-deka-ima-rak-na-grloto-so-veshtachka-inteligencija-go-vratil-glasot-fakti-za-val-kilmer-18.jpg

За време на снимањето на Top Gun, Вал постојано имал конфликти со Том Круз, но тоа не ги спречи и 30 години подоцна да се обединат и повторно да ги одиграат главните улоги во филмот.

kriel-deka-ima-rak-na-grloto-so-veshtachka-inteligencija-go-vratil-glasot-fakti-za-val-kilmer-10.jpg

Вал бил во врска со Шер, а во 1988 година се оженил за актерката Џоан Вали. Тие биле во брак до 1995-та година и заедно имаат две деца. Но, наводно нивниот брак се растурил откако актерот заминал на европска турнеја за промоција на филмот Batman и ги оставил сопругата и децата на улица.

kriel-deka-ima-rak-na-grloto-so-veshtachka-inteligencija-go-vratil-glasot-fakti-za-val-kilmer-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава