Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 работи за кои Ким Кардашијан е позитивен пример, но никој не ги гледа заради скандалите (фото)

Се чини дека Ким Кардашијан кариерата ја изгради со помош на скандали и лоша репутација. Од порнофилмови, до скандалозни аутфити и јавни испади Ким ја бие лош глас, но мајката на 4 деца со некои свои постапки можеби остава и позитивен пример. Што мислите?

pozitivni-primeri-shto-kim-kardashijan-saka-da-gi-dade-no-nikoj-ne-gi-gleda-zaradi-skandalite-foto-01.jpg

Понекогаш ако се смени аголот на гледање работите може да ги доживееме од сосема поинаква перспектива.

Така Ким Кардашијан од една страна е „ријалити ѕвезда“, која кариерата ја изгради врз скандали што ѝ овозможуваат постојано да остане во фокусот на јавноста, а од друга е сопственичка на 15 бизниси и минатата година се запиша и во листата на милијардери.

Може да се издвојат 4 нејзини одлуки според кои таа може да биде позитивен пример за нејзините деца, но и за идните генерации.

Ја менува перцепцијата за тоа како треба да ги гледаме жените во 40-тите години

Ким во 2020-тата година наполни 40 години, а тоа беше мошне важен момент за неа. Само до пред неколку години жените во шоу-бизнисот кои наполниле 40 години се сметаа за стари, но Ким одлучи да покаже дека годините за неа се само број и дека и во петата деценија од животот може да се напредува.

„Во 40-тите години ќе си посветам време себеси. Ќе се хранам здраво, ќе вежбам, ќе се забавувам повеќе, ќе поминувам повеќе време со моите деца и со луѓето што ме прават среќна. Ќе го оставам телефонот. Ќе ги отследам луѓето што не сакам да ги гледам на Инстаграм“ – рече Ким за време на нејзиниот роденден.

Ги охрабрува сите да се стават себеси на прво место

Јасно е дека Ким Кардашијан секогаш се става себеси на прво место и прави сè за да биде среќна, а воопшто не ѝ е грижа што мислат другите за тоа.

„Долго време го правев тоа што ги правеше среќни другите луѓе. Сметам дека во последните две години одлучив дека ќе направам сè за да бидам среќна. Се чувствувам навистина добро заради тоа.

Дури иако тој став предизвика промени и го предизвика мојот развод, сметам дека е важно да се биде искрен со себеси за тоа што е она што ве прави среќни. Јас се избрав себеси, сметам дека е во ред да се изберете самите себеси“ – рече таа.

Не се грижи за тоа што мислат другите

Постојано сите имаат некакво мислење за сите постапки на Ким. Но, таа пред сè е бизнис-жена што не дозволува туѓото мислење да влијае врз нејзиниот живот.

„Само се обидувам да го живеам сопствениот живот и да бидам среќна. Мислам дека само кога го живеете својот живот на тој начин ги блокирате другите. Тоа е како кога на коњите ќе им стават узди за да гледаат само право и да продолжат да трчаат. Ако почнете да се обидувате лево или десно што има околу вас, ќе паднете“ – вели таа.

Не се откажува од љубовта

По 3 пропаднати брака Ким сè уште верува во љубовта. Таа во своите 40-ти години ја започна врската со 13 години помладиот Пит Дејвидсон и решена е да ја најде љубовта од соништата:

„Верувам во љубовта. Затоа се надевам дека во иднина ќе имам уште една свадба. Се надевам дека четвртиот пат ќе имам повеќе среќа“ – рече таа.

Дали ова се доволно позитивни примери за идните генерации проценете сами. Што мислите, може ли да се најде нешто позитивно и кај неа?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg