Факти за најтажната принцеза на светот – гласини дека била сместена во ментална установа, сакала да побегне од свадбата
Наводно принцезата уште двапати се обидела да побегне. Вториот пат успеала да стигне и до Ница во Франција, каде ѝ биле одземен пасошот и обезбедувањето на принцот „ја убедило“ да остане.
Според пишувањата во одредени медиуми, принцот Алберт се договорил со Шарлин дека ќе ѝ дозволи да си замине дури откако ќе му роди наследник.

За време на свадбата што се случи во 2011-та година, Шарлин носеше венчаница од Giorgio Armani во која имаше 1.237 дијаманти. Сепак сите забележаа дека Шарлин кон својот принц чекореше со солзи во очите додека тој ја тешеше со зборовите: „Не плачи!“

Наводно, на првата брачна ноќ принцот Алберт и Шарлин спиеле во посебни соби, а новата владетелка на Монако целата вечер ја поминала со обезбедување што внимавало да не избега.

Во 2014-та година кралскиот пар ги доби близнаците Жак и Габриела. Според законите на Монако, иако Габриела е постара, Жак ќе ја наследи титулата во иднина. Со ова Шарлин успеа да му ги обезбеди првите законски наследници на принцот.

Шарлин велеше дека улогата на мајка ја истоштува, а додека медиумите постојано шпекулираа за нејзиниот проблематичен однос со сопругот, таа се обидуваше да има добар однос и со неговите вонбрачни деца.

Во 2020-та година јавноста остана во шок кога беше потврдено дека Алберт има уште едно, трето вонбрачно дете. Иако првично тврдеше дека гласините се неточни, сите останаа вчудоневидени кога таа одлучи да направи нова видлива промена и се појави со мошне необична фризура.

Во 2021-ва година Шарлин престана да се појавува во јавноста. Официјалната верзија беше дека таа отпатувала во Јужна Африка, па се вратила во Монако, но дека не се чувствува добро.

Најзабележително беше дека на прославата по повод 10-годишнината од бракот принцот Алберт беше сам заедно со нивните деца кои држеа пораки со натписот: „Мамо ни недостасуваш“.
Официјалната верзија беше дека лекарите не ѝ дозволуваат да патува заради светската пандемија, додека се шпекулираше дека била сместена во ментална институција.

Во мај годинава, Шарлин повторно му се врати на семејството во Монако. Таа за медиумите изјави дека сѐ уште е во кревка здравствена состојба и дека не сака премногу да се оптоварува.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак...
Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ...
„Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту...
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“
„Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи...
„Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка
Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...