Факти за најтажната принцеза на светот – гласини дека била сместена во ментална установа, сакала да побегне од свадбата

Само неколку денови пред свадбата дознала за вонбрачните деца на принцот и сакала да го напушти, а тој со обезбедување ја вратил. Со солзи во очите му го кажала судбоносното „ДА“, а веста за третото вонбрачно дете целосно ќе ја скрши – факти за принцезата Шарлен од Монако, која ја нарекуваат најтажната принцеза во светот.

fakti-za-najtazhnata-princeza-na-svetot-glasini-deka-bila-smestena-vo-mentalna-ustanova-sakala-da-pobegne-od-svadbata-01.jpg

Во моментов можеби е единствената принцеза која не потекнува од британското кралско семејство, а привлекува внимание во јавноста по тоа што ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“.

Таа е наследничка на легендарната Грејс Кели, а русокосата принцеза со тажен израз на лицето во последните две години беше топ-тема во медиумите заради шпекулациите поврзани со нејзиното ментално здравје. Сепак, малкумина ја знаат во целост нејзината приказна.

koga-doznala-za-vonbrachnite-deca-sakala-da-go-ostavi-pred-oltar-ja-vratil-na-sila-fakti-za-najtazhnata-princeza-na-svetot-sharlen-foto-02.jpg

Се верува дека нејзината тажна судбина се должи на проклетството поврзано со кралското семејство во Монако.

Според легендите, принцот Раниер Први во 13-иот век киднапирал фламанска жена која го проколнала. Се верува дека жената го проколнала тогашниот владетел: ниту тој, па ниту неговите потомци со презимето Грималди да не најдат среќа во бракот.

koga-doznala-za-vonbrachnite-deca-sakala-da-go-ostavi-pred-oltar-ja-vratil-na-sila-fakti-za-najtazhnata-princeza-na-svetot-sharlen-foto-03.jpg

Дали нејзината судбина е производ на проклетство или на низа животни случувања?

Погледнете повеќе интересни факти за Шарлен Грималди, најтажната принцеза на светот:

Шарлен е родена во 1978-ма година во малото гратче Булавајо во Зимбабве, каде мајка ѝ работела како тренер за пливање, а татко ѝ менаџер за продажба. Таа има уште двајца браќа.

koga-doznala-za-vonbrachnite-deca-sakala-da-go-ostavi-pred-oltar-ja-vratil-na-sila-fakti-za-najtazhnata-princeza-na-svetot-sharlen-foto-04.jpg

Кога имала 12 години нејзините родители одлучиле да се преселат во Јужна Африка каде таа тргнала по стапките на мајка ѝ и почнала да се занимава со пливање, по што станува позната како спортист.

Во 2000-тата година Шарлен беше дел од олимпискиот тим што ја претставуваше Јужна Африка на Олимписките игри во Сиднеј, Австралија. Никој не очекуваше дека овој настап во целост ќе ѝ го промени животот.

koga-doznala-za-vonbrachnite-deca-sakala-da-go-ostavi-pred-oltar-ja-vratil-na-sila-fakti-za-najtazhnata-princeza-na-svetot-sharlen-foto-05.jpg

По настапот на Олимписките игри, Шарлен отпатува во Монако каде го доби златниот медал за патеките од 20 метри во грбно пливање. Освен тоа, успеа да го освои и принцот Алберт од Монако, кој побарал лично да се запознае со неа.

koga-doznala-za-vonbrachnite-deca-sakala-da-go-ostavi-pred-oltar-ja-vratil-na-sila-fakti-za-najtazhnata-princeza-na-svetot-sharlen-foto-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Двејн Џонсон ја изненади мајка си со нова куќа: „Благодарение на тебе станав добар човек – горд сум ... „Кога имаш добра мајка, имаш шанса да станеш добар човек, мразам да ја гледам ка...
Адам Левин ја изневерувал бремената сопруга со 23-годишна девојка - сака да го крсти детето по неа, ... Адам Левин кој го чека третото дете со сопругата Бехати Принслу наводно имал афе...
На 90 години позира гламурозно, Елвис го нарече „аматер во кревет“ – Која е скандалозната холивудска... Холивудската актерка Рита Морено на 90 години направи фотосесија и покажа дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg