Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Драгана од Скопје, која ја поврзуваа со Пике, се најде на насловна страница на француски моден магазин

По објавата за разделбата на Пике и Шакира, македонско-бугарската старлета и манекенка Драгана Спасовска ја поврзуваа со шпанскиот фудбалер, а сега таа се најде на насловната страница на парискиот магазин Moevir, облечена во креација на познатиот македонски дизајнер Игор Марков.

dragana-spasovska-od-skopje-koja-ja-povrzuvaa-so-pike-se-najde-na-naslovna-strana-na-modno-spisanie-vo-pariz-foto-01.jpg

Драгана Спасовска (26) која пораснала во Скопје, а во изминатите неколку години живее и работи во Дубаи се појави на насловната страница на модниот магазин Moevir од Париз.

Додека сѐ уште се шпекулираше за тоа која е новата девојка на Жерар Пике со која наводно ја изневерил Шакира, меѓу повеќето девојки се најде и името на македонско-бугарската старлета Драгана Спасовска, која во изминатите години живее и работи во Дубаи.

На Инстаграм профилот на Драгана може да се најдат поголем број фотографии со познати личности, меѓу кои и една со Пике.

Се шпекулираше дека Пике со Драгана тајно се гледал во Дубаи и така започнала нивната романтична врска.

Сега, откако фудбалерот и јавно ја покажа неговата нова девојка, Драгана пак се пофали со насловната страница за септемвриското издание на модното списание Moevir од Париз.

„Се гордеам со себеси“ – напиша таа до фотографиите објавени на Инстаграм.

Драгана носеше креции од македонскиот дизајнер Игор Марков, чиј бренд е познат како MarkovStyle.

На Инстаграм страната на Moevir, пак, пишува дека Драгана е македонско-бугарска инфлуенсерка и ТВ ѕвезда и модел, која снимила повеќе видео-спотови за познати пејачи, се појавила на насловни страници на македонски и бугарски списанија и дала голем број интервјуа за националната бугарска телевизија.

Прочитајте и Пике и Шакира наводно раскинале заради девојка од Скопје, со која тајно се гледал во Дубаи – Која е Драгана Спасовска?

Погледнете повеќе фотографии од Драгана во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg