Клои Кардашијан се прегрнува со заводникот од „365 Days“, откако го доби второто дете со Тристан Томпсон (фото+видео)

Клои Кардашијан и италијанскиот актер од 365 Days – Микеле Мороне – беа заедно на модната недела во Милано, а поради фотографиите и видеата, фановите се убедени дека се пар.

kloi-kardashijan-tancuva-i-se-pregrnuva-so-akterot-od-365-days-otkako-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-foto-video-01.jpg

По многуте неверства, смирувања и раскинувања, Клои Кардашијан го заборави Тристан Томпсон, а изгледа си најде и ново момче.

Викендов, на Модната недела во Милано, 38-годишната ријалити ѕвезда беше забележана со италијанскиот актер Микеле Мороне.

kloi-kardashijan-tancuva-i-se-pregrnuva-so-akterot-od-365-days-otkako-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-foto-video-12.jpg

31-годишниот Микеле ѝ е добро познат на јавноста по улогата во филмот 365 Days, а важи за еден од најзгодните италијански актери.

Најпрво актерот сподели фотографија на Инстаграм Стори на која ја прегрнува Клои.

Ријалити ѕвездата носеше црн комбинезон украсен со дијаманти, во комбинација со мала чанта украсена со дијаманти, како и темни очила за сонце.

Микеле носеше сатенска кошула, во комбинација со црни кожени панталони.

kloi-kardashijan-tancuva-i-se-pregrnuva-so-akterot-od-365-days-otkako-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-foto-video-06.jpg

Набрзо потоа, на Твитер профил кој го води обожавател на Клои беше споделено и видео од парот.

Наводно, видеото било направено на забавата по главниот настан на Модната недела.

Во видеото, Клои и Микеле танцуваат заедно, разговараат, но и се прегрнуваат.

Иако не е познато дали Клои и Микеле се пар, фановите се пресреќни за Клои која изминативе неколку години трпеше само понижување од поранешниот дечко Тристан Томпсон.

Дел од коментарите на фановите:

„Само што ќе помислам дека Клои можеби е во врска со прекрасниот Микеле Мороне сум пресреќна. Тој изгледа одлично, а Клои го заслужува секој дел од него“.

„Ова е парот што сакам да го видам!“

„Сега штом ја видов фотографијата, Клои и Микеле мора да бидат заедно!“

kloi-kardashijan-tancuva-i-se-pregrnuva-so-akterot-od-365-days-otkako-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-foto-video-11.jpg

Според Daily Mail, иако Микеле бил поврзуван со неколку познати жени од Италија, моментално е сингл.

kloi-kardashijan-tancuva-i-se-pregrnuva-so-akterot-od-365-days-otkako-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-foto-video-13.jpg

За потсетување, летово Клои го доби второто дете со Тристан Томпсон со помош на сурогат мајка.

Клои планирала да му даде уште една шанса на Тристан, но тој доби дете со друга жена, и тоа во периодот кога се зачнало детето со Клои.

kloi-kardashijan-tancuva-i-se-pregrnuva-so-akterot-od-365-days-otkako-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-foto-video-04.jpg

Според извори блиски до Кардашијанс, Клои повеќе нема никаков контакт со Тристан, освен кога станува збор за нивните деца.

Всушност, таа дури и му забранила да присуствува на породувањето на нивното второ дете.

Прочитајте повеќе: Клои Кардашијан му се радува на новороденчето од сурогат мајка, а Тристан Томпсон си се шета со нова девојка (фото)

kloi-kardashijan-tancuva-i-se-pregrnuva-so-akterot-od-365-days-otkako-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-foto-video-02.jpg

Засега, ни Клои ни Италијанецот Микеле се немаат огласено за фотографиите и видеата од Модната недела во Милано, но фановите се убедени дека се пар.

Повеќе фотки од Микеле на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Има социјална анксиозност и панични напади, беше во врска со Џесика Бил – кој е Крис Еванс, најсекси... Двапати ја одбил улогата што го направи светски познат, вели дека едвај чека да ...
Ричард Гир (72) на настан со сопругата (39) по одморот на Ибица со децата - стравува дека нема да до... Ричард Гир на 72-годишна возрат доби награда за животно дело, а на церемонијата ...
„Среќен сум што преживеав“ - Ештон Кучер не можел да слуша, гледа и оди заради ретко воспаление на к... Во епизода од шоуто на авантуристот Беар Грилс, Ештон Кучер откри дека пред окол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg