Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пике веќе не ја крие новата девојка – ја запозна со синовите, се возат на тротинети низ Париз (фото)

„Дали тоа е новата девојка или мајката на Пике“ – новите семејни папараци фотографии од фудбалерот предизвикаа вистинска дискусија на социјалните мрежи. Фудбалерот е фотографиран како ужива во романтична прошетка низ Париз со новата 12 години помлада девојка.

pike-vekje-ne-ja-krie-novata-devojka-ja-zapozna-so-sinovite-se-vozi-so-na-iznajmeni-trotineti-niz-pariz-foto-01.jpg

Жерар Пике (35) и Шакира (45) ставија крај на нивната врска, но сѐ уште немаат постигнато согласност околу старателството над нивните деца Милан (9) и Саша (7).

Но, според шпанските медиуми, фудбалерот е нетрпелив да ги запознае неговите деца со неговата нова девојка Клара Чиа (23).

Претходно се појавија фотографии на кои Пике заедно со новата 12 години помлада девојка беше на свадба кај негов пријател, а уште тогаш шпанските медиуми шпекулираа дека нивната врска е сериозна и дека фудбалерот веќе ја запознал новата девојка со неговите синови.

Во текот на изминатите денови во шпанските медиуми беа објавени фотографии на кои се гледа дека Пике игра фудбал заедно со синовите и кучето, а фотографирана е уште една жена што е свртена со грб.

pike-vekje-ne-ja-krie-novata-devojka-ja-zapozna-so-sinovite-se-vozi-so-na-iznajmeni-trotineti-niz-pariz-foto-02.jpg

Фотографиите на Твитер предизвикаа вистинска дискусија меѓу обожавателите на Пике. Па така едни се сигурни дека жената која е свртена со грб е новата девојка на Пике, Клара Чиа, други пак, тврдат дека тоа е мајката на фудбалерот, Монтестрат Бернабеу.

Прочитајте и Како мал бил во кома, поранешната девојка ја изневерил со Шакира – Факти за Жерар Пике

Од друга страна, пак, Пике и Клара Чиа на почетокот на месецот беа фотографирани додека беа во посета на Париз, каде се возеа на изнајмени тротинети, заедно со уште двајца други пријатели.

pike-vekje-ne-ja-krie-novata-devojka-ja-zapozna-so-sinovite-se-vozi-so-na-iznajmeni-trotineti-niz-pariz-foto-03.jpg

На фотографиите тие двајца се насмеани, добро расположени и уживаат во прошетката. Секако, што се однесува до модниот избор, таблоидите мораа да ѝ замерат на младата девојка што за таа прилика избрала да носи бели сандали со високи потпетици што воопшто не се соодветни за возење тротинет.

Инаку, во меѓувреме и Шакира се огласи за разделбата со Пике и рече дека ова е најтешкиот период во нејзиниот живот.

Прочитајте и Шакира првпат прозборе за разделбата со Пике: „Ова е најмрачниот период од мојот живот, ја жртвував кариерата за него“

Погледнете ги фотографиите од прошетката низ Париз во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg