Меган Фокс полугола клечи на колена пред Машин Ган Кели, тој ја држи со поводник – Бизарното видео ги загрижи фановите
- Детали
- вторник, 01 ноември 2022
„Машин Ган Кели ја злоупотребува Меган и ние сите го гледаме тоа“ – стои во еден од коментарите на Твитер по бизарните видеа и фотографии од маските за Ноќта на вештерките на славниот пар.
Прво се маскираа како Памела Андресон и Томи Ли, а потоа како свештеник и садо мазо грешница, па предизвикаа лавина од коментари на социјалните мрежи.
Меган Фокс и Машин Ган Кели повторно предизвикуваат реакции и загриженост кај јавноста.
Оние што ги погледнаа фотографиите на Меган Фокс и Машин Ган Кели за Ноќта на вештерките коментираат за нивниот избор на маски.
Според многумина, холивудската актерка е жртва на насилство во врската, а тоа што се маскирале како Памела Андерсон и Томи Ли претставува величање на една токсична врска.
За потсетување, Памела и Томи Ли се венчаа по само 4 дена врска, а две години подоцна тапанарот на Mötley Crüe беше осуден на 6 месечна затворска казна за семејно насилство.
Прочитајте и Брза венчавка, домашно порно видео, насилство – бурниот брак на Памела Андерсон и Томи Ли
Маската на Меган Фокс и Машин Ган како Памела и Томи Ли
На социјалните мрежи фановите на Меган Фокс водат вистинска дебата за тоа дали актерката е жртва на насилство или пак е нејзин избор да биде потчинета во врската.
„Машин Ган Кели ја злоупотребува Меган и ние сите го гледаме тоа... Но, на никој не му е гајле затоа што најверојатно е полесно да се смееш на бизарниот пар отколку да забележиш дека навистина има знаци на злоупотреба“ – вели една од корисничките на Твитер.
Други пак, коментираат дека најверојатно парот е во садо-мазо врска и дека тоа е во ред сѐ додека тие се возрасни луѓе што се согласни за тоа што го прават и дека нема потреба да навлегуваме во нивната приватност.
Прочитајте и Меган Фокс со нови детали за врската со Машин Ган Кели: „Јас сум потчинета, на полна Месечина имаме ритуали со пиење крв“
По маската со Томи Ли и Памела Андерсон, Меган Фокс и Машин Ган Кели, присуствуваа на тематска забава во чест на Стенли Кјубрик, а во оваа прилика одлучија да се облечат како свештеник и садо мазо грешница.
Голем број од твитерџиите и нивните фанови се гневни затоа што славниот пар на овој начин се исмева со религијата, а особено внимание привлече бизарното внимание во кое Меган полугола клечи на колена врзана со синџири.
Други, пак, посакуваат да се на местото на Машин Ган Кели.
Погледнете повеќе фотографии од бизарните маски во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





