Тестовите за допинг ги поминувал со лажен пенис, првата сопруга го изневерила со Бред Пит – Факти за Мајк Тајсон

Призна дека на сите мечеви се користел сo пластичен пенис и туѓа урина за да ги помине тестовите за допинг, откако претепал неколку проститутки, во 2009-та одлучува цела година да остане на рехабилитација, и денес е целосно нова личност – Факти за Мајк Тајсон.

testovite-za-doping-gi-pominuval-so-lazhen-penis-prvata-sopruga-go-izneverila-so-bred-pit-fakti-za-majk-tajson-01.jpg

Мајк Тајсон (56) е еден од најпознатите боксери и спортисти во светот. Неговите инциденти и скандали со години ги полнеа таблоидите.

Ја шокира јавноста кога го одгриза увото на Евандер Холифилд во 1997-ма година во рингот, а подеднакво привлекуваше внимание и со скандалите во приватниот живот.

Беше во брак трипати, располагаше со богатство од околу 400 милиони долари заработени благодарение на неговата кариера како боксер, за на крај да банкротира.

testovite-za-doping-gi-pominuval-so-lazhen-penis-prvata-sopruga-go-izneverila-so-bred-pit-fakti-za-majk-tajson-02.jpg

Големиот број скандали, зависности и неконтролираното трошење го доведоа до работ, за на крај да успее повторно да се крене.

Помина процес на рехабилитација и на откажување од зависности, започна нови бизниси и денес можеби нема огромно богатство како во минатото, но според некои извори располага со 10 милиони долари што му овозможуваат да живее комотно.

Во продолжение неколку интересни факти за Мајк Тајсон што можеби не сте ги знаеле:

Во 1985-та година тој за првпат успева да го привлече вниманието на јавноста кога за првпат се појавува во рингот против Хектор Мерцедес и го нокаутира уште во првата рунда. Првата година се чинеше дека Мајк е непобедлив – сите мечови ги заврши со победа.

testovite-za-doping-gi-pominuval-so-lazhen-penis-prvata-sopruga-go-izneverila-so-bred-pit-fakti-za-majk-tajson-03.jpg

Во периодот кога бил на врвот на кариерата тој заработувал околу 30 милиони од секој меч, а според Forbes, благодарение на боксерската кариера тој успеал да акумулира богатство од 400 милиони долари.

testovite-za-doping-gi-pominuval-so-lazhen-penis-prvata-sopruga-go-izneverila-so-bred-pit-fakti-za-majk-tajson-13.jpg

Славата и парите ќе го направат мошне популарен кај жените и честопати се пишувало за неговите скандали. Во 1988-ма година тој се ожени за актерката Робин Гивенс со која беше во брак само една година. Според неговата биографија, Робин имала афера со Бред Пит.

„Бев гневен. Сакав да го... требаше да го видите неговото лице кога ме виде“ – вели Мајк.

testovite-za-doping-gi-pominuval-so-lazhen-penis-prvata-sopruga-go-izneverila-so-bred-pit-fakti-za-majk-tajson-15.jpg

Во 1992-ра година Мајк беше осуден за силување на манекенката Дезире Вашингтон и доби затворска казна од 6 години, а одлежа три. Тој тврди дека бил невин и неправедно осуден.

testovite-za-doping-gi-pominuval-so-lazhen-penis-prvata-sopruga-go-izneverila-so-bred-pit-fakti-za-majk-tajson-17.jpg

Освен со Робин, Мајк Тајсон беше во брак и со Моника Тарнер, а во 2009-та година стапи во брак со Лакиха Спајсер. Му се родиле седум деца, а едно од неговите деца, Егзодус Тајсон трагично починало на 4-годишна возраст кога играјќи се на лента за трчање се задушило од кабел.

testovite-za-doping-gi-pominuval-so-lazhen-penis-prvata-sopruga-go-izneverila-so-bred-pit-fakti-za-majk-tajson-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава